Connect with us

Македонија

„Без паника, не јадеме колку Маричиќ“ – Студентите ја поздравија Владата

Published

on

„Без паника, не јадеме колку Маричиќ“. „Од капитализам до канибализам“.

Ова се дел од транспарентите кои студентите денес ги истакнаа на својот протест.

Зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови чии услови се лоши, изедначување на стипендиите и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата се барањата на студентите кои протестираат и го блокираат сообраќајот пред Собранието.

Таму за попладнево  е закажана средба, затворена за медиумите, меѓу студенти – претставници на студентски универзитетски собранија во земјава, пратениците кои предложија нов Предлог-закон за студентски оброк и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Бараме да се зголеми субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно. Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб, изјави студентот Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип пред почетокот на средбата во Собранието.

Тие се незадоволни од предлогот за измени  на Законот за субвенционираниот студентски оброк, кој по реакциите се повлекува од Собранието, откако беше на дневен ред на пленарна седница закажана за в среда.

Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за стекнување на правото на субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

Македонија

Обвинителството поднесе жалба против малата казна пресудена за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Published

on

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година со која обвинетиот Менсур Пајазити беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и му беше изречена казна затвор во траење од две години.

Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот.

Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките последици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина.

ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен.

Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата.

Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока.

Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата.

Continue Reading

Македонија

Бектеши доби нови 30 дена притвор

Published

on

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Неговиот адвокат Еленко Миланов за Република објаснил дека на Бектеши му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот пат.

– Се наведува тежината на делото, опасност од бегство, влијание на сведоци. На оваа одлука ќе доставиме жалба, нагласува Миланов за Република.

Пред 30 дена Бектеши беше повикан на информативен разговор во полициска станица во Карпош, а потоа пренесен и во ОЈО Кочани, по што судија на претходна постапка одреди мерка притвор.

Вчера се наврши еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најголемата несреќа од независноста на државата. 

Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три правни лица меѓу кои сопственикот на дискотеката, сегашни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници…. Истрагата се уште трае, а во неа се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Викендов, истрагата беше проширена со нови 19 лица. Пожарот во дискотеката во Кочани настана ноќта на 15 кон 16 март за време на настапот на групата „ДНК“. Животот го загубија вкупно 61 лице од кои 59 уште истата вечер. Починатите беа на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од нив на возраст од 24 и 26 години. Меѓу нив беа и пејачот на  бендот „ДНК“ Андреј Ѓорѓиески, професорката на Факултетот за музичка уметност Сара Пројковска, тапанар Ѓорѓи Ѓорѓиев, како и Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. 

Двајца починаа дополнително како последица на тешките повреди. Еден од нив беше и управителот на дискотеката Александар Каракадовски, кој почина во Литванија каде се лекуваше. И тој беше еден од осомничените, но за него сега истрагата е прекината. 

Повредени беа вкупно 193 лица од кои најголем дел, по првично укажаната медицинска помош во болниците во земјава, беа испратени на лекување во странство. Трошоците за лекување и сместување на семејствата на повредените беа целосно покриени од страната на државата. 

Continue Reading

Македонија

Меџити: Промената е неминовна и ја води народот

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, испрати силна порака до јавноста, истакнувајќи дека промената, иако тешка на почетокот и неуредна во текот на процесот, на крајот е неверојатна и неповратна.

„Никој не може да ја сопре промената – ниту опортунистите, ниту демагозите, ниту политичарите заглавени во минатото, ниту олигарсите што сакаат да ја држат политиката како заложник,“ порача Меџити.

Тој подвлече дека промената е глас на народот, а кога граѓаните се обединети, трансформацијата станува реалност.

„Духот на промената се обединува – со чесниот граѓанин, со вистинскиот активист, со чесниот милитант. Затоа што промената е вредна,“ истакна Меџити, завршувајќи со порака на оптимизам и солидарност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк