Погледнете го настапот на Славица Ангелова кој го разигра жирито на „Ѕвездите на Гранд“ (Видео)

Оваа сабота од изминатиот викенд на Канал 5 телевизија се емитуваше втората епизода од новата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓу натпреварувачита од целиот Балкан застана и 20 годишната струмичанка Славица Ангелова која го воодушеви жирито.

Имено, таа беше во придружба на мајка си, а се претстави со „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и Лутка за бал“ од „Парни ваљак“ и импресионираше соп својот талент.

Прв за неа даде глас Ѓорѓе Давид, потоа Вики Миљковиќ, Цеца Ражнатовиќ, а следеа и останатите, па дури и Босанац кој со стартот на актуелната сезона не е расположен за давање гласови.

Zvezde Granda - Cela emisija 02 - ZG 2022/23 - 12.11.2022