Connect with us

Македонија

Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим плоштадот (Видео)

Published

on

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.

Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.

Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

Македонија

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГРАДИ „ПАМП ТРАК“ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРК

Published

on

Општина Битола започна со изградбата на новиот „Памп Трак” полигон за велосипеди, кој ќе се наоѓа во Градскиот парк, во близина на „Ќумурното“ игралиште. Полигонот ќе биде изведен на површина од 900 м² и ќе понуди адреналинска патека која вклучува нагорнини и надолнини, околу кои возачите ќе можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и други спортски реквизити.

Целта на оваа патека е да обезбеди забавни и безбедни услови за возење, нудејќи различни начини на забавен и контролиран спорт. Секој кој ја сака активната рекреација и возењето на отворено ќе има можност да ужива во оваа нова содржина.

Проектот го реализира фирмата ДТУ Јумак ДООЕЛ од Скопје, а вкупната вредност на набавката изнесува 5.216.343 денари со вклучен ДДВ. Средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Со овој проект, покрај велосипедските патеки кои се веќе во изградба, Битола ќе добие уште една атрактивна спортска и рекреативна содржина која ќе ги задоволи потребите на љубителите на велосипедизмот и активниот начин на живот.

Continue Reading

Македонија

Приведен малолетник во Тетово

Published

on

На 03.11.2024 во 23.30 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на старател, привеле малолетник од Тетово затоа што кај него бил пронајден нож. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок согласно член 80 од Законот за оружје.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Честит Светски ден на ромскиот јазик – Поддршка и почит кон ромската заедница во Македонија

Published

on

Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик – ден посветен на зачувувањето и промоцијата на јазикот, културата и образованието на ромската заедница. Ромската заедница, со својата богата историја и традиции, претставува значаен дел од културното богатство на Македонија и придонесува кон нејзината разновидност и инклузивност.

ЗЕЛС се посветува на поддржување иницијативи и програми кои промовираат инклузија и овозможуваат еднаков пристап на ромската заедница во образованието, културата и општествениот живот. Во соработка со локалните самоуправи и институции, ЗЕЛС ќе продолжи да ги креира можностите за рамноправен развој на ромската заедница во Македонија.

Одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик не само што истакнува значајноста на јазикот и културното наследство на Ромите, туку претставува и порака на поддршка, почит и заедништво.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк