Connect with us

Свет

Турската полиција објави видео од апсењето: „Ова е бомбашот од Истанбул, призна сѐ“ (ВИДЕО)

Published

on

Турската полиција уапси лице осомничено дека ја поставило бомбата што вчера експлодираше во пешачката зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а се повредени десетици луѓе.

Бомбата експлодираше вчера околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници. Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинаа во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

Како што јави Си-ен-ен Турк, полицијата го соопшти идентитетот на уапсеното лице. Станува збор за, како што велат, жена од Сирија по име Ахлам Албашир. Тие тврдат дека за време на испрашувањето ја признала својата поврзаност со Курдистанската работничка партија. Се појави и снимка од моментот на апсење.

Утринава министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, според извештајот на државната телевизија ТРТ, изјави дека полицијата го уапсила лицето кое ја поставило бомбата. Осомниченото лице е поврзано со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а министерот Сојлу се закани со одмазда, јави ТРТ.

Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација, забележува агенцијата дпа. Авенијата Истиклал беше цел на терористички напад и во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш објави дека напаѓачот е поврзан со Исламската држава, но таа не ја презеде одговорноста, посочува дпа.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг вчера за провладината телевизија А Хабер изјави дека жената која околу 40 минути седела на клупа во близина на местото на експлозијата е под истрага. Експлозијата се случи само неколку минути по нејзиното заминување.

Свет

ШЛАКАНИЦА ЗА АСАД, АСМА ЗАМИНУВА ЗА ЛОНДОН? Сопругата на сирискиот екс-претседател доставила барање до руските судови

Published

on

Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва, се вели во статијата. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. 

Сопругата на поранешнит сириски претседател Башар ал Асад размислува да се разведе од него и да се врати во Лондон, јавува Си-Ен-Ен Турк. Асма не е задоволна од условите за престој во Москва каде што семејството побегна откако бунтовниците ја презедоа власта во Сирија.

Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва, се вели во статијата. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. Постапката е во тек.

Асма има британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, а таму живеат нејзините родители. Асма се запознала со Асад во Лондон додека тој специјализирал офталмологија. Се омажила за него само неколку месеци откако тој го наследи татко си како претседател на Сирија. Нивните два сина и ќерка се веќе возрасни.

Асма се школувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар.

Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон.

Continue Reading

Свет

Трамп најави помилување за осудените за нападот од 6 јануари

Published

on

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во новото интервју изјави дека има намера да дејствува на првиот ден за да помилува лица вклучени во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, вклучително и оние кои се изјаснија за виновни.

„Ќе дејствувам многу брзо. Ден прв“, рече Трамп на Кристен Велкер на „Запознајте го печатот“ во неговото прво големо интервју по освојувањето на вториот мандат.

Запрашан за оние кои признале дека нападнале полицајци, Трамп рече дека „немале избор“ и сугерираше дека стотици други кои се изјасниле за виновни за други злосторства се жртви на „многу корумпиран систем“, пишува The Hill.

Continue Reading

Свет

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Published

on

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

-Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк