Connect with us

Скопје

КУЛИТЕ ЏЕВАИР БЕЗ СТРУЈА И ВОДА, фирмата не плаќала сметки, а земала од станарите !

Published

on

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.

Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.

Станарите велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.

Дека фирмата „Се клуб фалисити менаџмент“ ѝ должи многу пари на ЕВН потврдува и самата компанија.

-Поради вкупен долг од 6 милиони денари, четири мерни места за заедничка потрошувачка во кулите на Џевахир се исклучени, потврдуваат од ЕВН за Прес24.

Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени.

Се обидовме да добиеме одговори од фирмата управител, но засега не можеме да стапиме во конктакт. Таков проблем имаат и самите станари бидејќи велат дека подолг период никој не им одговара на повиците, а кога од компанијата ќе им кренеле слушалка изговорот бил дека не знаат за зборуваат македонски јазик.

Проблемот е што струјата која се користи за осветлување во влезовите, но и надвор од зградите, за лифтови, рампи за гаража, базен, теретана, топла вода и загревање е на едно броило. Во становите има електрична енергија бидејќи за тоа станарите плаќаат посебни сметки на ЕВН.

Управителот за тоа им издава сметки на станарите според квадратурата на станот, но и според потрошена енергија. Со тие пари управителот потоа е должен сметките да ѝ ги плати на ЕВН.

Скопје

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

Published

on

Преку повикувачкиот број за итни случаи 112, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е пријавено паднато дрво на улицата „Анкарска“, во близина на познатиот реон наречен „Млечен ресторан“.

При падот, дрвото оштетило три паркирани возила. Полицијата е веќе на терен, а настанот е пријавен и до ЈП „Паркови и зеленило“, кои треба да го отстранат дрвото од улицата.

Дополнително, при падот се скинати и кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), се известени и координирани сите надлежни институции за санација на оштетените и откачени кабли.

Continue Reading

Скопје

Демолирано казино во Скопје

Published

on

На 16.04.2025 околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едно познавал, физички го нападнале и му одзеле пари.

Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото, по што за кратко време го викнал вработениот од обезбедувањето во канцеларијата, каде што дошле лицата и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Изгоре познат ресторан во Центар, се истражува дали пожарот бил подметнат

Published

on

Во раните утрински часови денеска, околу 03 часот, во скопскиот Центар изби пожар кој целосно зафати угостителски објект на улицата „50-та Дивизија“, во непосредна близина на Клиничкиот центар. Станува збор за познат ресторан, кој бил целосно опожарен.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. За среќа, при интервенцијата не се регистрирани повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а според првичните информации постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат. Се работи на утврдување на причините за избувнување на огнената стихија.

Полицијата продолжува со истрагата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк