Баба дилала дрога во Србија, ја фатиле во шума со „стандардна опрема“ – вага, кесички, нож

78-годишна жена во Србија е фатена со поголемо количество дрога, а полицијата ја сомничи дека ја продавала на локални зависници во Земун, пишуваат српските медиуми.

Бабичката, која воопшто не изгледала сомнително, е уапсена вчеравечер во шума кај српскиот град, каде полицијата ја следела и пронашла стандардна дилерска „опрема“: вага, „паковки“ во најлонски кесички, како и нож. Во кесичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење, за да се утврди каква дрога продавала осомничената жена.

Шумата се наоѓа во населбата Галеника во Земун, а жената со иницијали В.Н., е приведена и против неа ќе биде поднесена пријава, соопшти полицијата