Connect with us

Свет

Ердоган ѝм се закани на Грците: Може да ви дојдеме ненадејно една ноќ, додека спиете

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи својот говор на самитот на Г20 како можност повторно да ѝ се закани на Грција. Тој им рече на новинарите дека Турција „може да дојде ненадејно една ноќ“ и дека соседната земја треба „да пази кај ѝ е местото“ и „да се потсетува на историјата“.

Ердоган ѝ се закани на Грција: Може да ви дојдеме ненадејно една ноќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи својот говор на самитот на Г20 како можност повторно да ѝ се закани на Грција. Тој им рече на новинарите дека Турција „може да дојде ненадејно една ноќ“ и дека соседната земја треба „да пази кај ѝ е местото“ и „да се потсетува на историјата“.

Фото: ЕПАВо последниве месеци, Ердоган ја заостри својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Во говорот на Бали, турскиот претседател го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „нема да бидат од корист ни сите авиони и оружје што ќе дојдат“, пренесува Политико. 

Ова не е прв пат Ердоган да ја изговара оваа конкретна закана, која е упатување на песната популарна во времето на турската инвазија на северен Кипар во 1974 година, „Бир Геце Ансизин Гелебилирим“. Минатиот септември, Ердоган веќе рече дека Турција може да „дојде ненадејно една ноќ“, што ја натера Атина да ги спореди заканите со руската инвазија на Украина.

„Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент“, напиша тогаш грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во писмата до НАТО, ЕУ и Обединетите нации.

Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.

Свет

Делхи воведува строга еко-мерка: старите автомобили остануваат без гориво

Од 31 март 2025 година, бензинските пумпи во индискиот главен град Делхи повеќе нема да смеат да полнат гориво во возила постари од 15 години. Новата мерка е дел од засилените напори за справување со сериозното загадување на воздухот, поради кое Делхи редовно се вбројува меѓу најзагадените метрополи во светот.

Според „Индијан експрес“, бензинските станици ќе бидат опремени со системи за вештачка интелигенција кои автоматски ќе ги препознаваат возилата што не ги исполнуваат еколошките стандарди и ќе го блокираат точењето гориво. Проценките покажуваат дека ограничувањето ќе опфати околу 100.000 регистрирани возила во град со над 21,5 милиони жители.

Паралелно со оваа мерка, градските власти најавија интензивна електрификација на јавниот превоз. Во текот на следната година, планирано е дури 90 проценти од автобускиот возен парк да биде заменет со околу 8.000 електрични автобуси, наместо сегашните кои главно користат компримиран природен гас (CNG). Целта е значително намалување на емисиите и подобрување на квалитетот на воздухот.

Инаку, Делхи и досега имаше формална забрана за сообраќај на бензински возила постари од 15 години и дизел возила постари од 10 години, но таа не се применуваше строго. Претходната градска власт на партијата Аам Аадми (ААП) беше критикувана поради недоволна контрола, додека новата администрација на хинду-националистичката БЏП, која ја презеде власта во февруари, најави решителни чекори за заштита на животната средина.

Иако мерките се вклопуваат во глобалниот тренд кон почиста мобилност, тие отвораат и прашања за социјалното влијание, особено врз граѓаните кои немаат финансиска можност да заменат старо возило со поново или електрично.

Continue Reading

Свет

Двајца американски војници убиени во напад во Сирија, Пентагон најави жесток одговор

Двајца американски војници се убиени во Сирија за време на безбедносен инцидент, соопшти Пентагон. Главниот портпарол, Шон Парнел, наведе дека нападот се случил додека војниците присуствувале на состанок со клучни локални лидери во рамки на нивната мисија за поддршка на операциите против ИСИС и други антитерористички активности во регионот.

Парнел истакна дека имињата на загинатите нема да бидат јавно соопштени сè додека нивните семејства не бидат официјално известени. Според него, американските сили продолжуваат да соработуваат со локалните партнери со цел одржување на безбедноста и стабилноста.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, потврди дека напаѓачот бил неутрализиран од партнерските сили и упати остра порака до сите што би ги загрозиле американските војници. Тој порача дека секој што ќе ги таргетира Американците, каде било во светот, ќе биде пронајден и ликвидиран.

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека нападот се случил за време на заедничка патрола на американските војници со сириските сили во централна Сирија. Инцидентот предизвикал привремено запирање на сообраќајот на автопатот меѓу Деир Езор и Дамаск, а над регионот биле забележани американски воени авиони.

Според истите извори, американски хеликоптери интервенирале веднаш по пукањето и ги евакуирале повредените во базата Ал-Танф, која се наоѓа во источна Сирија, во близина на границата со Ирак.

Continue Reading

Свет

Финска ги загрева градовите со отпадна топлина од сервери и дата-центри

Финска развива иновативен модел за централно греење, користејќи отпадна топлина од подземни центри за податоци сместени во поранешни засолништа од бомби и напуштени рудници, на длабочина од 30 до 100 метри. Серверите кои работат непрекинато 24 часа дневно создаваат огромни количества топлина, која наместо да се губи, се собира и се насочува директно во градските системи за греење.

Според технолошката компанија Entangle Tech, еден ваков центар за податоци ќе обезбедува греење за околу 40.000 домови во Еспоо, вториот по големина град во земјата. Во Хелсинки, пак, објект на „Мајкрософт“ веќе загрева цела урбана област, со што се заштедуваат околу 400.000 тони CO₂ годишно и се намалуваат трошоците за греење за 60 проценти. Отпадната топлина моментално покрива околу 10 проценти од вкупните потреби за греење на главниот град.

Традиционалните центри за податоци трошат огромни средства за ладење, при што топлината се ослободува во атмосферата. Финскиот модел ги решава двата проблема истовремено – ладењето и греењето. Подземната поставеност овозможува природно ладење преку гранитната карпа, високо ниво на безбедност и ефикасно собирање на топлина, која преку топла вода со температура од 75 до 85 степени Целзиусови се пренесува низ цевки директно до радијаторите во домовите.

„Буквално ги загреваме домовите со Netflix стримови и обработка на е-пошта. Ова е вистинска мајсторска класа за одржливост“, велат од Entangle Tech.

Градоначалникот на Еспоо, Каи Миканен, најави дека нов кластер на центри за податоци на „Мајкрософт“ наскоро ќе биде поврзан со градската мрежа за централно греење, со цел целосно елиминирање на локалните јаглеродни емисии до 2030 година.

„Блумберг њуз“ наведува дека вакви решенија веќе се применуваат и во други земји со постудена клима, како Шведска, каде отпадната топлина од дата-центри се пренесува преку подземни цевки за загревање на околните населби. Според проценките, ваквиот систем би можел да обезбеди греење за околу 100.000 домови.

Научници од Универзитетот Алто и Техничкиот истражувачки центар на Финска истражуваат како идните национални центри за податоци можат целосно да се интегрираат во општинските системи за греење и да придонесат за значително намалување на емисиите на јаглерод.

Плановите предвидуваат до 2030 година изградба на центри за податоци со капацитет од 100 MW и 21 MW во Еспоо и Сејнејоки. Според анализите, топлината од постројката во Еспоо би можела целосно да го замени јагленот, додека во Сејнејоки делумно би се укинал тресетот – едно од горивата со највисок јаглероден интензитет.

Експертите нагласуваат дека за целосно искористување на потенцијалот е неопходно склучување долгорочни договори меѓу центрите за податоци и компаниите за греење, со што би се обезбедило стабилно и трајно намалување на емисиите на CO₂.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг