Џамбазов „ги заплеска“ т.н. инфлуенсерки: „Или мојава мачка е многу популарна или овие не се инфлуенсерки” (ВИДЕО)

Новото време донесе многу нови нешта, меѓудругото и некои нови професии кои пред појавата на социјалните мрежи никогаш не постоеле. Таканареченото инфлуенсерство стана престиж и трка по лајкови и клиенти, чии производи и услуги се рекламираат. А ги рекламира кој стигне… Од тотални анонимуси, преку полупознати, па се до мегапопуларни фаци.

Водителки и водители, естрадни ѕвезди, манекенки и модели,  врвни спортисти… па се до таму некои девојчиња кои ги познаваат само во комшии! Не важно, важно е да си инфлуенсер(ка) или барем самиот, односно самата така да се нарекуваш, та имала  само 500 или 200 илјади лајакови!? Професија во прогресија на која дури во Македонија и манифестација и направија.

Занает кому никому не му е до крај јасен, професија за која школо не треба, освен малку искуство, самоедукација и помалку или малку повеќе голотија… Или можеби и таа не е потребна, ако занеш како да го продадеш она што го рекламираш. Секако, откако прво ќе научиш како до рекламата се доаѓа!

Облик на маркетинг или можност за манипулација и „мачкање очи“ на своите следбеници, кои патем првин треба да ги навлечеш тоа да ти бидат?

Но, она што до крај никому не му е јасно, па дури ниту на оние кои и самите имаат по сто и кусур илјади лајкови како Игор Џамбазов на пример, е  една работа во Македонија која никако ниту тој не може да си ја објасни: Како се станува инфлуенсер? Како тоа некои се (само)прогласуваат за инфлуенсерки, со сила туркајќи се самите во инфлуенсерската фамилија, а имаат помалку лајкови дури и од неговата мачка Емилија?

Што тоа го буни македонскиот шоумен кога е инфлуенсерството во прашање, самиот ќе ви раскаже во видеото во продолжение: