Connect with us

Македонија

МАРИЧИЌ: НЕ СМЕ МНОГУ ДАЛЕКУ ОД 80 ПРАТЕНИЦИ

Разговараме со сите групи и со сите пратеници и убеден сум дека не сме толку далеку од 80 пратеници, изјави на новинарско прашање за уставните измени заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Мислам дека сега во оваа фаза сите истакнуваат широк круг на идеи околу уставите измени и тоа е добро, но ќе дојдеме во една фаза кога ќе мора агендата да ја насочиме на она што навистина ни е потребно за деблокирање. И г. Трајанов ќе има прилика тогаш да каже под кои услови и дали би ги поддржал уставните измени, но мислам дека освен него никој друг нема изнесено резерва во однос на поддршката кога зборуваме за владиното мнозинство. Понатаму ќе видиме, разговараме со сите групи и со сите пратеници и убеден сум дека не сме толку далеку од 80 – рече Маричиќ запрашан колкава е бројката на пратеници од парламентарното мнозинство што би ги поддржала уставните измени.

Во однос на тоа дали со опозицијата се разговара на оваа тема, вицепремиерот посочи на одржаната лидерска средба чија цел, вели, беше да се отвори дијалог за тоа прашање и оти тие состаноци ќе продолжат.

– Како што кажав, допрва ќе треба да допреме и со сите пратеници и до сите парламентарни групи и од опозицијата, но и од владејачкото мнозинство за да дојдеме до пакет којшто ќе биде поддржан од 80 пратеници – рече Маричиќ.https://assets.vlitag.com/plugins/safeframe/src/html/r.html

Тој изјави дека не го смета како притисок доаѓањето на многу европски функционери во Скопје изминатиот период, и оти очекува тој тренд да продолжи, а ваквото внимание од ЕУ институциите и земјите-членки цени дека е во наша полза и треба да се искористи.

– Тој процес ќе продолжи и јас сум убеден дека само може да се развива. Кон крајот на овој месец ќе ни дојде и германскиот претседател во посета и тој тренд нема да застане во текот и на наредната година. Мислам дека Северна Македонија треба да го искористи вниманието што го има од европските лидери, од европските институции, но и од државите членки затоа што тој фокус треба да го искористиме во наша полза за да ги отклониме сите пречки, вклучувајќи ги и уставните измени и да продолжиме со преговорите и по ноември 2023 година. Тоа не е никаков притисок. Тоа е внимание кое што е во наша полза, а сепак ние треба да сме свесни дек блокадата е во наши раце и од нас зависи како ќе продолжиме натаму и дали ќе продолжиме – вели Маричиќ.

Во контекст на динамиката на скринингот истакна дека е прилично задоволен од текот на скринингот. Досега се поминати објаснувачки скрининг за три кластери и започнат е билатерален скрининг од Кластер 1 – темелни вредности, веќе за две поглавја јавни набавки и статистика. Претстои наредната недела билатерален скрининг за Поглавје 24 и за Поглавје 23 во првата недела од месец декември со тоа ќе ја заокружиме агендата за оваа година.

– Секако мора да го одржуваме темпото, мора да имаме еднакво ниво на подготвеност по сите Поглавја и подготвени сме и инсистираме на тоа што повеќе прашања од ЕК да одговориме на лице место, да не оставаме на писмено подоцна и ако има и такви меѓутоа тоа да биде исклучок, вели Маричиќ.

Во однос на вклученоста на Собранието, тој нагласи дека во оваа фаза повеќе товар има Владата, но Законодавниот дом ќе треба повеќе да дејствува откако ќе ги добиеме скрининг-извештаите, односно задачите што е основ за новиот реформски план.

– Јас повеќе пати упатив и јавна покана, но и во директна комуникација со Националниот совет за евроинтеграции да ги интензивираме работите, да интензивираме комуникации и да направиме заеднички план како да се туркаат европските реформи, она што е врзано со скринингот и преговорите преку Собранието. Собранието покрај тоа што ќе ги носи законите ќе може и ќе има прилика и да ги следи преговарачките позиции, да ги дискутира, да влијае на нив. Ние сме за тоа како Влада подготвени. Тоа креира една атмосфера и за уставните измени, секако, не верувам дека ќе брзаме, но имавме една лидерска средба и мислам дека ќе има серија на средби коишто треба да доведат до атмосфера во која што нема да дозволиме ние да бидеме пречка за нашиот евроинтегративен пат. Јас тоа го кажав и претходно – по првпат во историјата блокадата е во наши раце, нагласи Маричиќ.

За тоа дали се очекува притисок од Бугариа во однос на скринингот, тој вели секоја држава членка има право да учествува на билатералниот скрининг и да поставува прашања, а во однос на слободата на здружувања, рече, ние имаме добро досие, има усвоен закон во Собранието, но Министерството за правда веќе работи на нов закон со којшто ќе имаме една рамка за заштита од злоупотреба на слободата на здружување заради нарушување на јавниот поредок.

Инаку, досега во поглавјето не се спомнуваат обврските на договорите и не очекува тие да бидат споменати, бидејќи добрососедските односи и договорите што се наоѓаат таму не подлежат на процесот на скрининг.

-Она што во одредени поглавја може да се отвори како тема на пример во Поглавје 23 кај што имаме прашање дискриминација, слободи и права на тој начин може да се отвори од страна на државите членки, но пак ќе кажам – тоа ние што го кажуваме тука ќе го кажеме и таму и законите и сето тоа го гледаме низ призма на сите граѓани тука и сите заедници без никого посебно да потенцираме. Така што спремни сме да објасниме се што прават нашите институции и спремни сме секаде таму каде што според европските стандарди ќе се увидат некакви слабости да ги надминеме, но нам ни е важно овој процес да не се билатерализира или дополнително да се оптоварува со билатерални прашања и мислам дека е тоа позиција на повеќе држави членки, ако не и скоро сите, рече вицепремиерот Маричиќ по вториот настан посветен на годишниот Извештај на ЕК за земјава за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности”.

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading

Македонија

Антикорупциските организации со апел да не се одлага законот за заштита на укажувачи

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата апелира до институциите без одлагање да го усвојат Законот за заштита на укажувачите, предупредувајќи дека долгото доцнење сериозно ја поткопува борбата против корупцијата.

Од Платформата изразуваат загриженост што, и покрај тоа што Предлог-законот е подготвен уште од крајот на 2023 година, тој сè уште не е ставен во собраниска процедура. Граѓанските организации биле активно вклучени во процесот – преку работната група формирана од Министерството за правда биле одржани 15 состаноци и две јавни дебати, но резултатите од тој процес досега не се материјализирале.

Во најновиот Извештај за напредокот, Европската комисија посочува дека законското решение за заштита на укажувачите сè уште не е целосно усогласено со европското законодавство и дека недостигаат ефикасни механизми за негова примена. Како ризик се наведува можноста лицата кои пријавуваат неправилности да бидат изложени на притисоци, вознемирување, па дури и отказ, што директно ја намалува довербата во системот.

Според Платформата, фактот што подготвен закон повеќе од две години чека да биде донесен испраќа лоша порака и ја ослабува институционалната заштита на укажувачите – еден од клучните механизми за откривање корупција.

Дополнително, Законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи е предвиден и во Програмата за работа на Владата за 2025 година, како акт по кој треба да одлучува Собранието уште во мај. И покрај тоа, законската постапка сè уште не е завршена, што, како што велат од Платформата, е неоправдано одолговлекување.

„Со усвојување на овој закон ќе се подобри статусот и безбедноста на укажувачите, кои се една од најважните алатки во борбата против корупцијата. Тоа би значело и зајакнување на уште еден механизам за владеење на правото, за што носителите на јавни функции јавно се залагаат“, порачуваат од Платформата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг