Connect with us

Македонија

,,СИН МИ НЕ БИ ГО ПУШТИЛ ДА ЖИВЕЕ ВО СТУДЕНТСКИ, ги знам условите”

Published

on

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски коментирајќи ги условите во студентските домови и студентските протести, даде изјава во налик на онаа дека ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

-Мојот син е втора година на факултет во Скопје и има каде да преспива, меѓутоа не би го пуштил. Условите во студентскиот дом „Стив Наумов” ги знам бидејќи 25 години живеам до тој дом. Беа грозни и одвратни уште тогаш, не гледам дека нешто суштински се променило, рече Пендаровски.

Тој вели дека од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат.

– И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе, изјави претседателот Пендаровски.

Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички, додаде претседателот.

Македонија

Сиљановска-Давкова на 10-годишнината на СУГС „Шаип Јусуф“

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на свечената академија по повод 10-годишнината од основањето на Средното училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“.

Таа ја истакна важноста на образованието и постигнувањата на учениците, нагласувајќи дека вложениот труд на наставниците и учениците е препознаен и вреднуван. Во рамките на настанот беше прикажан документарен филм за патронот на училиштето, а училишниот оркестар ја воодушеви публиката со својата изведба.

Сиљановска-Давкова упати честитки до учениците, наставниците и наградените, истакнувајќи ја својата гордост за нивниот успех.

Continue Reading

Македонија

Девојка удрена од такси возило откако не сакала да плати 700 денари за дестинација Центар – Чаир

Published

on

Дваесет и двегодишна скопјанка вчера била удрена од такси возило откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот и побарал да плати 700 денари по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.

Во моментот кога почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад со возилото и ја удрил.

– Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата објавена во дневниот билтен на МВР.

Continue Reading

Македонија

МВР и Јавното обвинителство потврдија дека во тек е голема меѓународна полициска акција

Published

on

Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите.

– Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста, велат од Јавното обвинителство.

И од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека во тек е полициска акција, но повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата.

Според дел од медиумите, се работи за акција за откривање и запленување на фалсификувани пари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк