Преподобните маченици Галактион и Епистима и ДЕНОТ НА ЈОНА – Според верувањата светецот може да им помогне на немажените девојки

Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабошци. Мајка му на Галактион беше бездетна сè додека не се крсти. Потоа, таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима.

Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир.

И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило. Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта.

Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд. Кога Галактион го биеја, Епистима плачеше. Тогаш и нејзе ја избија. Потоа, им ги отсекоа рацете, па нозете, а најпосле и главите. Нивните тела ги зеде Евтолиј и чесно ги закопа.

Овој Евтолиј беше најнапред роб кај родителите на Епистима, а потоа монах заедно со Галактион. Тој го напиша житието на овие прекрасни Христови маченици, коишто пострадаа и примија небесни венци во 253 година.

СВЕТИ ЈОНА

Но денес се сеќаваме и на свети Јона. Во минатото, луѓето го нарекуваат 18 ноември Денот на Јона и веруваат дека светецот може да им помогне на немажените девојки да најдат добар сопружник. Во минатото на овој ден девојките излегувале во дворот и расфрлале ситни парички и работи направени со свои раце. Ваквата церемонија, според предците, требало да привлече потенцијален младоженец.

Според нардоните верувања на 18 ноември не треба да носите валкана облека или чевли. Прапра-прадедовците предупредуваа: може да го изгубите здравјето. И за да го зајакнете, на овој ден треба да се искапите, да облечете чиста облека и да легнете на чиста постелнина.

Според легендата, на овој ден, злите духови можат да украдат потпис од некоја личност – тогаш ќе почнат да му се случуваат разни несреќи. Затоа, ако треба да се потпишете некаде на 18 ноември, треба да додадете нов елемент на вашиот стандарден потпис.

На 18 ноември е подобро да не се вршат трансакции со недвижности и да не се прават големи и скапи набавки. Луѓето велеа дека овој ден не е погоден за трошење и купување.

„Не треба да земате накит од подот на Јона“, велеле старите. Па така прстените и ѓерданите ако случајно ви паднат дома, на подот, мора да ги оставите, да се свртите од нив и дури потоа да ги соберете со трипати тапкање по подот. Во спротивно, можете да „закачите“ негативна енергија. Нашите предци биле убедени во тоа.