Connect with us

Европа

Експлодираше гасовод во Ленинградската област (ВИДЕО)

Published

on

На гасоводот во Ленинградската област денеска дојде до експлозија, соопшти гувернерот Александар Дрозденко.

Пожарникарите и спасувачите го гаснат пожарот кој настана како последица на експлозија на гасоводот меѓу Бернгардовка и Коваљево, напиша тој на Телеграм.

Според Дрозденко, нема опасност за населението, ниту пак е можно пожарот да се прошири и на населени места.

Според првите информации, во експлозијата никој не е повреден.

Европа

Откриено како настрадале четворицата американски војници во Литванија

Published

on

Четворицата американски војници кои загинаа во Литванија за време на воена вежба на НАТО, близу границата со Белорусија, се удавиле во своето оклопно возило.

Нивното возило било пронајдено потопено под вода, јави британски The Guardian.

„Возилото во кое се наоѓале четворицата исчезнати американски војници пронајдено е потопено во вода во Литванија“, соопшти американската војска, додавајќи дека потрагата за војниците продолжува.

Војниците исчезнале за време на воената вежба во вторникот на полигонoт „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабради, град кој се наоѓа на помалку од 10 километри од границата со Белорусија. Во потрагата се вклучени литвански и странски трупи, како и хеликоптери на военото воздухопловство и државната гранична служба.

„Оклопното возило за извлекување М88 Херкулес, кое било управувано од четирите исчезнати американски војници за време на воената вежба, е лоцирано во Литванија“, се наведува во соопштението на американската војска за Европа и Африка.

„Возилото било пронајдено потопено во вода на полигонската локација… Акцијата за извлекување е во тек“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно изјавил дека американските војници се „мртви“, но не изнел дополнителни детали. Подоцна, портпаролката на НАТО, Алисон Харт, објаснила дека Руте не потврдил смрт на војниците, туку се повикал на медиумски извештаи.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи беше објавен снимок на американскиот претседател Доналд Трамп од Овалната канцеларија. На снимката, Трамп разговара со новинарите неколку часа по трагедијата, и на прашањето дали е запознаен со ситуацијата за исчезнатите војници, претседателот одговорил дека не е.

Continue Reading

Европа

Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа?

Published

on

Радио Слободна Европа известува дека Русија наводно има тајна база за нуклеарно оружје во Белорусија, а првиот доказ за тоа е наводно незначајна фотографија снимена во базата за муниција 1405., која се наоѓа во централниот дел на Белорусија. Фотографијата, објавена на интернет во септември минатата година, прикажува монитор кој го покажува нивото на зрачење во базата, иако се наоѓа повеќе од сто километри од најблиската нуклеарна електрана, пренесува Дневник.hr.

Новинарите на Радио Слободна Европа исто така откриле докази кои укажуваат на засилени мерки за нуклеарна безбедност во близина на базата1405.

Документите откриваат дека на оваа локација се чуваат хемикалии за јодна профилакса, која е заштитна мерка во случај на нуклеарен инцидент. Ова е наведено во анексот на документацијата која се однесува на изградба на нова железничка пруга која ќе ја поврзе базата со воената база Осиповичи, за која се верува дека би можела да биде складиште за руски нуклеарни боеви глави.

Сателитски снимки покажуваат дека минатата година започнала изградбата на железничката пруга која ќе го поврзе складиштето за муниција со блиската воена база Аспировичи. Документацијата за овој проект, која вклучува детали за изградба на стражарски простории, реновирање на касарни и складишта за оружје, била доставена до новинарите од страна на Белпол, група на поранешни белоруски безбедносни службеници кои сега работат против режимот.

Continue Reading

Европа

Шефот на НАТО испрати сериозна порака до Русија: Ако ја нападнете Полска, последиците ќе бидат разорни

Published

on

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Варшава предупреди дека секој што би имал намера да ја нападне Полска треба да биде свесен дека НАТО ќе одговори со полна сила и дека реакцијата ќе биде поразителна.

„Ако некој погрешно смета дека може да ја нападне Полска без последици, нашиот сојуз ќе реагира. Реакцијата ќе биде многу силна. Тоа треба да му биде јасно на господинот Владимир Путин или на секој кој ќе се обиде да не нападне“, изјави Руте на прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.

Тој додаде дека сите земји треба да го следат примерот на Полска и да ги зголемат своите воени трошоци и да преземат конкретни мерки. Според него, САД имаат силна посветеност на НАТО и ќе продолжат да го одржуваат сојузот силен, а за ова зборуваше и поранешниот претседател Доналд Трамп. Руте истакна дека Европа исто така мора да ги зголеми своите инвестиции во одбраната.

Полскиот премиер Доналд Туск, пак, предупреди дека Полска треба да биде подготвена за различни сценарија, вклучувајќи и оние кои не ѝ се допаѓаат.

„Полска и јас лично немаме потреба да се оправдуваме за помошта што ѝ ја даваме на Украина. Сите знаат дека преговорите се во тек, но нашето влијание врз нив е ограничено. Затоа, Полска мора да биде подготвена за сценарија кои нема да бидат сосема онакви какви што ги опишавме“, изјави Туск.

Тој истакна дека е многу важно Полска да знае дека, додека геополитиката се менува, НАТО-солидарноста, вербата, сигурноста и гаранциите остануваат силни и дека членот 5 од договорот – „еден за сите, сите за еден“ – и натаму важи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк