Connect with us

Македонија

Вие гответе во помали тенџериња, ама од џеб давате за 11 функционери кои чинат над 2 милиони евра

Published

on

Владата бара од граѓаните да штедат, да готват во помали тенџериња, се правдат дека нема пари за стопанството, нема пари за здравството, земјоделството, студентите, ама затоа не им ги чепка баснословните хонорари и плати на своите функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потстувајќи дека вчера објавиле дека само тројца функционери ја чинат Македонија околу 500 илади евра за еден мандат.

Кире Наумов како директор на македонската банка за обнова и развој зема 2.500 евра, или за еден мандат ќе инкасира 120.000 евра. Директорот на АЕК во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај има месечна плата од над 2000 евра или 30.000 евра годишно. Во Телеком пак, кај што Владата има свој удел Славко Пројковски како финансиски директор има плата од над 6000 евра, односно за еден мандат добива дури 288.000 евра. Ако на овие плати ги додадеме и надоместоците на функционерите кои претходно беа обелоденети во аферата Паразити, како што се тие на Жерновски, Љушев од Телеком, Станкоски од Тутунски комбинат, Хамиди и Крстевски од М-нав, Тунтев ид Цивилно воздухопловство, Ѓорѓиев од ПУИК, Зиков од МЕПСО, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од над 2 милиони евра за еден мандат за 11 функционери. Колку семејства може да живеат со 2 милиони евра? Колку студенти може да се прехранат? Колку медицински апарати и лекови може да се набават?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, аферата „Паразити“ го откри лицемерието на оваа власт на СДСМ и ДУИ.

Оваа афера покажа дека за елитата на власт нема криза. Паразити покажа дека лажните социјалдемократи кркаат дебели хонорари додека народот гладува, велат од ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат објавување на нови случаи на „аздисано трошење“ во аферата „Паразити“ и денес.

Македонија

Полициска акција во Сарај пронајдено оружје

Published

on

Полицијата приведе 50-годишен жител на Сарај, З.З., откако при претрес на неговиот дом биле пронајдени пиштол и 53 куршуми.

Претресот бил спроведен со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, а акцијата ја реализирале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека осомничениот е задржан во полициската станица Гази Баба. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, кој се однесува на недозволено поседување оружје и муниција.

„Известен е јавен обвинител, и по негова насока, пријавениот во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка,“ соопштија од МВР.

Полицијата продолжува со истрагата за случајот, а од МВР апелираат до граѓаните да пријавуваат слични случаи за да се спречат нелегалните активности поврзани со оружје.

Continue Reading

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски доби плакета за придонес од МВР

Published

on

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест, рече градоначалникот.

Денес, на настанот организиран од МВР и министерот Панче Тошковски на кој беа презентирани резултатите од нивната работа, на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски му беше доделена плакета за особен придонес и соработка.

-Ова е признание кое ќе стои највисоко на мојата полица, бидејќи правото и правдата за мене се водилка низ животот. Почитувани припадници на македонската полиција, да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест. Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа – наши херои. Вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит! Продолжете храбро како и досега! Ви благодарам, изјави градоначаликот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

МАЖ ОД АЛБАНИЈА ПРОНАЈДЕН ВО БЕССОЗНАНИЕ Нападнат бил пред угостителски објект

Published

on

Утврдено е дека се работи за А.Х. од Р. Албанија, кој, според пријавеното, бил нападнат во близина на угостителски објекти на улица Илинденска во Гостивар.

Вчера во 19.55 во СВР Тетово од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив било примено за укажување лекарска помош машко лице кое било во бессознание и имало повреди.

Утврдено е дека се работи за А.Х. од Р. Албанија, кој, според пријавеното, бил нападнат во близина на угостителски објекти на улица Илинденска во Гостивар.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк