ФОТО: Неверојатен улов, фатил златна рипка тешка 30 килограми која растела 20 години во езеро

Рибарот Енди Хакет успеал да улови златна рипка тешка дури 30 килограми. Овие риби обично живеат во домашни аквариуми кои не заземаат многу простор.

Сепак, Хакет успеал да фати многу поголема верзија, една од најголемите во светот, тешка повеќе од 30 килограми, пишува Гардијан.

Неверојатната риба позната по својата впечатлива портокалова боја, била ставена во езеро во Франција пред 20 години, и од тогаш било тешко да се фати.

На рибарот Хакет му биле потребни 25 минути за да ја извади рибата од водата.

Ова е хибриден вид вкрстен со јапонски кои шаран и се верува дека е вториот по големина уловен некогаш. Златната рипка или карас припаѓаат на семејството на крапови, но обично не ја достигнуваат оваа големина.

-Отсекогаш знаев дека Морков е таму, но никогаш не мислев дека ќе го фатам. Знаев дека е голема кога таа ја гризна мамката и почна да ја влече горе-долу, лево и десно. Потоа исплива на површина и видов дека е нешто портокалово. Феноменално е што ја фатив, но тоа е и чиста среќа, изјави Хакет.

Тој позираше со огромната риба пред да ја врати во водата.