Комити го окупираа Скопје – Прослава за 35-ти роденден (ВИДЕО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ низ улиците на главниот град веќе ја започнаа фештата во рамките на прославата на својот 35-ти роденден, но и 75-от роденден на ФК Вардар, пренесува Екипа.

Централното одбележување на 75-годишнината од формирањето на ФК Вардар, но и 35-годишнината од формирањето на навивачката група „Комити“ ќе биде со пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Железничар вечерва од 19:30 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Но, претходно „Комитите“ со караван низ улиците на главниот град,тргнувајќи од плоштадот Македонија, го одбележуваат својот роденден…

Видео:

https://youtube.com/shorts/-TefWjPEm4w?feature=share