Connect with us

Македонија

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит – ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година – ги совтува Тортевски своите помлади колеги

Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

Македонија

Табановце и Дојран со големи утрински гужви, магла го отежнува сообраќајот кон Попова Шапка и Пресека

Утрово на граничните премини „Табановце“ и „Дојран“ се бележат значителни задржувања за излез од државата. Според информациите на АМСМ, на „Табановце“ се чека околу 40 минути, а на „Дојран“ околу 30 минути. На останатите премини нема подолги чекања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите на одредени места се влажни. Интензитетот на движење е умерен.

Намалена видливост поради густа магла утринава има на патниот правец Гајре – Попова Шапка, каде видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, како и на планинскиот премин Пресека, со видливост од 100 до 150 метри.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено во клисурите, котлините и речните долини каде постои ризик од одрони. Најкритични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Шар Планина влезе во елитното друштво на Динаридите – националниот парк стана дел од мрежа со 105 заштитени подрачја

Националниот парк Шар Планина и официјално стана полноправна членка на Мрежата Паркови на Динаридите, платформа што обединува 105 заштитени планински региони од осум држави. Членството беше потврдено на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, која се одржа во Подгорица.

Претставниците на НП Шар Планина потенцираат дека членството претставува значајно признание и поттик за понатамошен развој на заштитеното подрачје.

„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја“, изјави Милорад Андријески од управата на паркот.

На конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 110 учесници од земјите од Динарскиот лак, како и од Италија, Белгија, Франција, Шпанија и Чешка, беше прифатено и зачленувањето на Паркот на природа Драгишница и Комарница од Црна Гора.

Управувачите на заштитените зони ја нагласија потребата од посилен регионален пристап во обновата на природата, подобрување на управувањето со мрежата Натура 2000, редовно оценување на ефикасноста на заштитата и интензивна меѓусебна соработка.

Во рамки на тридневната програма беа одржани четири панел-сесии, две работилници, како и седници на Управниот одбор и Собранието на Мрежата на Парковите на Динаридите.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг