Connect with us

Свет

И Балканот и Полска ДА СЕ ВО ЕДЕН РУСКИ ДОМ, не само Украина, бараа на руска телевизија (ВИДЕО)

На Руската државна телевизија се разговараше за планираната стратегија на Русија за следната деценија. Нивните експерти, покрај тоа што изјавија дека украинскиот јазик не постои, предвидуваа дека Русија ќе ги здружи соседните земји во „еден голем руски дом“, со можно проширување на Балканот и Полска.

„Сега, од една страна, многумина имаат причина да очајуваат, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда западњаци. Во текот на целата оваа година, Западот не можеше да ја победи Русија. Просечниот Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, јавниот превоз работи. Нашата економија се реконструира“, изјави филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.

„Украинскиот јазик не постои“

„Всушност, станува збор за победа на Русија. Нема изолација за нас, особено сега кога ни се приклучи Кина. Ни се приклучија и Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во овој масовен специјална операција“, рече тој и додаде:

„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Нема украински јазик. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Непријателот е пред Москва. За 10, 15 или за 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.

„Ќе ги обединиме сите оние народи кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски, кои мирно ќе бараат право на Балканот, Полска и така натаму“, рече рускиот филолог.

„Има 80 милиони Германци, вклучувајќи Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.

„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме оделото старо 20 или 30 години, истрошеното одело на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нови општествени и политички структури“, заклучи тој.

Свет

Хаос на европските аеродроми по воведувањето на новиот Шенген систем

Воведувањето на Шенген системот за влез и излез (EES) на 12 октомври 2025 година предизвика сериозни проблеми на аеродромите во Европа, при што патниците во периоди на зголемена фреквенција чекаат и до три часа за да поминат гранични контроли, соопшти Европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

Оттаму велат дека прогресивното снимање на биометриски податоци и регистрација на државјани од трети земји ја зголемуваат обработката на патниците до 70%, а недостигот на киосци и полициски кадар дополнително ја усложнува ситуацијата. Најзасегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија.

ACI повикува Европската комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите-членки итно да преземат мерки или да овозможат поголема флексибилност во примена на системот до целосното воведување. Генералниот директор на ACI EUROPE, Оливие Јанковец, предупредува дека доколку проблемите не се решат пред зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, хаосот на аеродромите ќе се продлабочи, со сериозни последици по безбедноста и оперативноста.

Continue Reading

Свет

Украински дронови предизвикаа штета на руската нафтена инфраструктура во Таман

Украински беспилотни летала го погодиле руското пристаниште Таман во Црното Море, при што биле оштетени две пристаништа, еден цевковод за снабдување со мазут и два танкера, соопшти регионалната администрација на Краснодарската област. На едниот танкер избувнал пожар кој веќе е изгаснат, а два резервоари за складирање биле оштетени од падот на остатоци од дрон.

Службите за цивилна заштита информираат дека екипажите на погодените бродови се евакуирани, а пожарите се целосно изгаснати. Пристаништето Таман се смета за клучна точка за испорака на нафта и течен природен гас.

Украина зачестено ги напаѓа руските нафтени и енергетски објекти како дел од својата одбрана од руската инвазија.

Continue Reading

Свет

Пентагон алармира: Кина тајно распоредила над 100 нуклеарни ракети – можно воено сценарио за Тајван до 2027

Најнов извештај на Пентагон, сè уште необјавен, открива дека Кина значително го забрзува својот нуклеарен капацитет и не покажува интерес за преговори за контрола на оружјето. Според американските разузнавачи, Пекинг тајно распоредил повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети од типот ДФ-31 во „полиња со силоси“ во близина на границата со Монголија, што им овозможува брзо лансирање во случај на конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави план за денуклеаризација во соработка со Кина и Русија, но извештајот на Пентагон укажува дека Пекинг не покажува сериозен интерес за такви мерки или разговори за контрола на вооружувањето.

Според документот, кинескиот нуклеарен арсенал сè уште брои под 600 боеви глави, но експанзијата продолжува, а до 2030 година се очекува бројката да надмине 1.000. Пентагон истакнува дека клучната година е 2027, кога Кина се проценува дека ќе биде способна да води и да победи во потенцијален конфликт за Тајван.

Стратегијата на Пекинг вклучува удари на далечина од 1.500 до 2.000 наутички милји од кинескиот брег, со што би можело сериозно да се попречи американското воено присуство во Азиско-пацифичкиот регион. Кина засега го застапува ставот дека се придржува до „нуклеарна стратегија на самоодбрана“ и политика на ненапаѓање, додека Пентагон предупредува на зголемената закана за стабилноста во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг