Connect with us

Македонија

Костадинов: Им ја кажав историската вистина „един народ две држави“ сред Скопје

Published

on

Ја кажав историската и реалната политичка вистина во моментов, нешто што во принцип не се случува многу често во Македонија, се пофали пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов во интервју за БТВ, откако за време на отворањето на Културниот бугарски центар во Скопје пред новинарите рече дека Македонија е втора бугарска држава и затоа треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско Езеро и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, пренесува Iportal.

Изјавите беа осудени од македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој рече дека за него лично таквите политичари воопшто не мора да доаѓаат тука, но Костадинов сепак уште официјално не е персона нон грата во Македонија.

-Какви територијални претензии кажав кон Македонија, освен што кажав дека во земјата живеат луѓе кои се сметаат себеси за Бугари, кои зборуваат бугарски јазик, дека ние зборуваме ист јазик како и луѓето во Македонија. Сега го нарекуваат македонски, но тоа не значи дека не се разбираме и дека секој нормален филолог во светот знае дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик, потенцирал Костадинов.

За изјавата дека „Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат една“, бугарскиот пратеник коментира дека тоа го сакале сите бугарски преродбеници.

-Од моментот кога пристигнав во Македонија, додека не се вратив назад и буквално до денес, добивам многу честитки од Бугарите од Македонија кои велат: „Конечно некој отиде и им ја кажа вистината на македонските новинари во центарот на Скопје, нагласил лидерот на „Преродба“.

Костадинов на Фејсбук претходно коментираше за неговото патување во Скопје и дека прашање на време е кога ќе има жртви во Охрид поради отворањето на клубот „Цар Борис Трети“.

Македонија

Халили: Се засилува стратегиското партнерство со САД, но не се напуштаат односите со ЕУ, за која Мицкоски постојано искажува поддршка!

Published

on

„Блискоста со Соединетите Американски Држави оди во прилог на засилувањето на врските со стратегиското партнерство со нив, но овој однос не подразбира заладување на односите со Европската Унија, организација кон која се стремиме.“ – изјави за Албанската редакција на Македонската телевизија поранешниот амбасадор Мухамед Халили. Според него, факт за ова се изјавите на премиерот Мицкоски за постојана поддршка на надворешната политика на Европската унија. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Агенцијата дополнува: „Не е направено нешто специфично за напуштање на односите со ЕУ, за создавање блиски односи со САД на сметка на односите со ЕУ.“ – изјави Халили

Continue Reading

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк