Connect with us

Македонија

Брука: Наместо да спроведува ред, полицаец се степал со негов колега во Скопје

Published

on

Полицаец физички нападнал друг полицаец во објект на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, соопшти МВР.

– „На 29.11.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Центар, И.В.(30) од Скопје пријавил дека околу 21.20 часот во објект на бул.„Гоце Делчев” во Скопје бил физички нападнат од неговиот колега А.С.“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Пановски: Добро е што пациентите од Кочани се во странство – помала опасност од болнички бактерии

Published

on

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе различни болници, а тоа според д-р Никола Пановски е мошне добро, заради изолација еден од друф и заради помало присуство на болнички бактерии.

Тој вели дека скандинавските земји и општо земјите на северот имаат болници во кои има мала концентрација на резистентни бактерии, за разлика од Балканските земји. 

– Кај нас антибиотиците се употребуваа многу често, па ни се појавија различни соеви бактерии кои станаа резистентни на антибиотици. Инфекциите со нактерии знаеме дека се лекуваат со антибиотици, но од преголемата употреба нашите соеви се поотпорни, па тешко се наоѓа антибиотик на кој тие рагираат – рече вечерва д-р Пановски, во „Само вистина“.

Пановски смета дека е добро што толкав број пациенти веднаш беа распоредени во повеќе земји, а и долготрајното лекување нема да може да го спроведеме кај нас, затоа што имаме болници кои имаат мал капацитет, а во овие болници каде се сместени сека кочанските пациенти, имаат посебни центри и тие се издвоени во посебни соби. Заштитени и од меѓусебно ширење пактерии, а хгиената подобро се одржува на тој начин.

Continue Reading

Македонија

Приведени тројца крадци во Неготино, одземеното е пронајдено

Published

on

На 24.03.2025 во 02.30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник.
Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино.
Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

И’ влегол во канцеларијата во Прилеп и испукал два куршуми- Ова се деталите за денешниот грозоморен чин во социјални грижи !!!

Published

on

Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, A.J.(50) oд Прилеп влегол во канцеларија на службеничка вработена во институцијата и испукал два куршуми од огнено оружје кон нејзе.

Од испуканите куршуми, службеничката М.Ѓ. (36) од Прилеп, се здобила со прострелна рана, според неофицијални информации, во десниот дел од градниот кош и е примена во градската болница “Борка Талески”.
Јавува Маркукуле.Мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк