Цуцуловски го праша Германецот: Дали би го менувал Уставот на Германија, бидејќи и таму има барем 3.000 Бугари?

Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски јавно го прашува германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер дали би го менувал Уставот на неговата земја за да ги вклучи и Бугарите во него, како што побара од Македонија среде Скопје да го отвори највисокиот законодавен акт.

„НЕ КАЖА. Франк-Валтер Штајнмајер, претседател на Сојузна Република Германија, порача дека Македонија ќе трабало повторно да го менува Уставот. Меѓутоа, не кажа што треба да се менува во него. Ако мислеше на Бугарите, тогаш редно е да каже дали би го менувал Уставот на Германија, бидејќи и таму има барем 3.000 Бугари“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.