Connect with us

Балкан

Драви во српската репрезентација: Влаховиќ демантира дека имал афера со сопругата на соиграч

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ.

Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.

– Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на Светското првенство, но морам да дадам изјава бидејќи моето име е фрлено во апсурдна приказна. Очигледно некому му е здодевно или нема што да прави, но ваквите гласини функционираат спротивно на интересите на репрезентацијата во толку важен момент. Наместо да не поддржат, тие шират такви невистини. Тоа го прават луѓе кои не постигнале ништо во животот. Фокусирани сме на петочниот натпревар против Швајцарците, изјави Влаховиќ.

Репрезентацијата на Србија игра во групата Г со Швајцарија, Камерун и Бразил. По две кола Србите имаат само еден бод и неопходна им е победа над Швајцарија за пласман во осминафиналето.

Балкан

Судии и обвинители во Белград протестираа против политички притисоци

Судии, обвинители и адвокати од цела Србија денеска се собраа пред Уставниот суд и Правниот факултет во Белград за да протестираат против, како што велат, политичките притисоци врз судството.

Причината за протестот беше забраната на обвинител од Првото основно јавно обвинителство во Белград да изврши увид по инцидент во шаторската населба „Ќациленд“ пред српскиот парламент, каде престојуваат поддржувачи на власта. Дополнителен повод се најавените измени на законот за Обвинителството за организиран криминал, со кои ова обвинителство би станало дел од Вишото јавно обвинителство.

Присутните на протестот истакнаа дека ваквите законски измени би ја ограничиле автономијата и независноста на Обвинителството за организиран криминал и корупција, што, според нив, е јасен сигнал дека државата се откажува од институционалната борба против организираниот криминал.

Протестот заврши пред Правниот факултет во Белград со 16-минутен молк во чест на жртвите кои го загубија животот при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Continue Reading

Балкан

Драма во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)

Рано утрово на Обреновачки пункт се случи сообраќајна несреќа во која автомобил БМВ се судри со камион. На социјалните мрежи се појави видео од возачот на БМВ, кој, со цигара во рака и траги од крв на облеката, на прашањето „Што направи?“ одговорил: „Не знам, ме удри камион. Многу силно.“

Според извештајот на станицата „Србија Сад“, возачот на БМВ претходно возел агресивно, менувајќи ленти и речиси предизвикувајќи други инциденти. На крајот, автомобилот удрил во камионот, а наводно возачот дури се фалел со тоа.

Полицијата соопшти дека во несреќата тешко е повреден 46-годишен маж, кој е пренесен во Ургентниот центар. Возачот на камионот (38) се здобил со повреда на раката, но одбил транспорт до болница.

Судирот предизвикал голема материјална штета – предниот дел на БМВ е згмечен, додека камионот е делумно оштетен и завршил со предниот дел деформиран од силата на ударот.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Балкан

Банско се поклони пред Никола Вапцаров по повод 116 години од неговото раѓање

Денес пред споменикот на поетот Никола Вапцаров во Банско, деца, млади, возрасни и пензионери се поклонија пред делото на великанот од градот.

По повод 116 години од неговото раѓање, јавни личности, претставници на локалните институции, ученици и граѓани положија венци и цвеќе како знак на почит и признателност.

Делото на Вапцаров останува живо и денес, како неизбежен дел од духот, историјата и идентитетот на Банско.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг