(Видео)Нетфликс го објави трејлерот од докуменарецот за Меган и Хари

Нетфликс објави трејлер за документарниот серијал за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл. Филмот содржи лична колекција од досега необјавувани фотографии, како и неколку фотографии од војвотката во солзи.

На друга фотографија, се гледа како Меган седи до Хари на софата, додека војвотката ги држи двете раце кон нејзиното лице, а тој изгледа огорчен.

„Никој не гледа што се случува зад затворени врати. Се што можев да направам е да ја заштитам мојата фамилија“, вели принцот Хари во дел од краткото видео.

Документарецот, кој биде објавен наскоро, чини 100 милиони долари.

Harry & Meghan | Official Teaser | Netflix