Македонска разголена инфлуенсерка – Бетика си грми (Фотогалерија)

Бети Котовчевска не е ниту јавна личност, ниту естрадна ѕвезда… Таа е млада девојка, инфлуенерка чиј Инстаграм за две години го следат над десет илјади следбеници. Но, Бети или „Бетика“ по прекарот по кој  што е позната, има необична страст и уште поневообичаена  креативна страна која решила да ја прикаже со фотографирање на своето голо тело на локации кои зрачат со природна убавина во неовообичаени временски услови…

И кога сонце грее и кога врне и кога снегот вее, Бетика не бира… Зашто ниту едно годишно време  не може да ја спречи да се фотографира. И тоа разголена, по бикини или топлес, покрај или во студените води  кога во нив среде зима се капе  и позира разголена на снегот или крај брегот… Или како што самата знае да се претстави: „Јас сум сѐ шо можеш да замислиш, и никогаш не би ти дошло на крај памет“!

На Бетика студеното и прија и годи, па затоа не се срами да го покаже она најдоброто од себе, што го има…

Иако родена во лето, очигледно обожува зима!

Оваа разголена убавица својот еликсир на младоста не само што кажува, туку и сликовито покажува дека го црпи од природата.

А, Македонија со таква изобилува, па затоа Бети често ги ползува природните убавини за своите разголени видео и фотосеанси.

Така например, првомајското топлес езерско капење во ПРОЛЕТ е еден од оние нејзини ритуали, во кои македонската инфлуенсерка колку и да е студена водата, покажува колку умее да биде во содејство со природата.