Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа Јанеска, по потекло од Охрид, наводно била пронајдена мртва во Африка, јавуваат тамошните медиуми, пренесуваат домашните медиуми.
Повеќе официјални информации и детали нема, освен објавите на тамошните медиуми на нејзиното момче.

Откако вечерва брзо се прошири веста за смртта на популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, се огласи нејзиното момче Оми Димпоз, пренесува MSN.com.
Медиумот објавува дека популарната шминкерка и девојка на печајот ѕвездата Оми Димпоз, Маја Миа е мртва. Убавата шминкерка беше познато дека излегува со Оми Димпоз од 2020 година.
Миа се забавуваше и со комичарот од Танзанија, Идрис Султан, кој исто така објави на неговите платформи на социјалните мрежи.
Од нејзе се збогуваат и нејзините најблиски, преку социјалните мрежи, каде се редат низа информации и претпоставки за тоа што се случило со Маја Миа Јанеска.
Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации.
Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.
Сепак, што точно се случило, засега е мистерија.
Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
Во објавите кои ги сподели и таа, наведуваше дека се радува на продлабочување на соработката меѓу нејзините две татковини, Македонија и Јужна Африка.
