Браво за Хрватска – влезе во четвртфиналето на Мундијалот

По речиси три часа игра на теренот, Хрватска се пласираше во четврфиналето од Светското првенство во Катар.

По регуларните 90 минути натпреварот беше со изедначен резултат 1:1, а ниту продолженијата не го одредија патникот во следната фаза од Мундијалот.

Хрватска обезбеди место во четврфиналето по изведувањето на пеналите, а по три промашени на Јапонија беше јасно кој е победникот на натпреварот.

Хрватска е во четвртфиналето, а таму ќе игра со подобриот од мечот Бразил – Јужна Кореја.

Хрватскиот голман во пенал рулетот ги одбрани обидите на Минамино, Митома и Јошуда, а за Хрватска реализираа Влашиќ, Брозвоиќ и Пашалиќ па „коцкесите“ заслужено славеа пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на светот.