Connect with us

Балкан

Српскиот министер за одбрана: Треба да го вратиме ВОЕНИОТ РОК!

Published

on

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.

-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.

Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.

– Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да, порача српскиот министер за одбрана.

Балкан

Набрзо ќе профункционира аеродромот во Валона

Published

on

Тирана – По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона.

Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети.

– ИАТА позитивно ја оцени апликацијата на меѓународниот аеродром во Валона во согласност со меѓународните стандарди и му го додели аеродромскиот код и кодот за билети: ВЛО, наведе Балуку.

Според неа ова им овозможува на туристичките агенции да продаваат билети во име на водечките меѓународни авиокомпании на пазарот.

Балуку наведе дека во првите денови од мај „Ер Албанија“ ќе го изврши својот инаугуративен лет, од најголемата авиописта на Балканот, долга 3,2 километри.

Аеродромот ќе работи со над три бизнис модели: цивилна авијација, одржување на авиони и целосен карго терминал, а ќе се протега на 22.000 квадратни метри. 

Continue Reading

Балкан

Кон крајот на 19. век Атина била населена претежно од Албанци

Published

on

Американските весници од крајот на 19 век откриваат интересни моменти за денес главниот на Грција а тогаш дел од Отоманската империја.

Па така, според медиумите во САД, во 1863 година речиси целото население во Атина и во делот Атика било населено со Албанци.

Денеска Албанци во Грција има во регионот Чемерија.

Continue Reading

Балкан

Мелник и Рожен ја одбележаа 110-годишнината од убиството на Јане Сандански

Published

on

Во Мелник и Рожен, на 27 април 2025 година, беше свечено одбележана 110-годишнината од убиството на Јане Сандански, големиот македонски револуционер познат како „царот на Пиринот“. Настанот беше организиран од повеќе македонски организации, меѓу кои ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија и Македонското меѓународно движење за човекови права.

И покрај заплашувачката кампања која се водеше преку бугарските социјални мрежи и медиуми, како и проблемите на границата со забраната за влез на Тихомир Стојановски, на соборот се собраа многу Македонци од Пиринска Македонија, Република Македонија, Егејска Македонија, Бугарија и дијаспората. Присуствуваа бројни делегации, меѓу кои претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ИНТЕГРА, Друштвото на Македонците од Егејска Македонија и македонската амбасада.

Панихида на гробот на Сандански одржа отец Никодим Царкњас, а со поздравен говор настапи претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев. Соборот го отвори ко-претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, кој порача дека како и Јане некогаш, така и денес македонското малцинство во Бугарија се спротивставува на шовинизмот и негирањето на македонскиот идентитет.

Настанот беше збогатен со настапи на ансамблите „Јане Сандански“ од Ново Село и „Пирински Глас“ од Разлог, како и настапи на Круме Спасовски, Василија Петрова и оркестарот на Панчо Иванов. Се пееја македонски песни, се играа македонски ора и се вееја македонски знамиња.

Организаторите упатија благодарност до сите кои ја дадоа својата поддршка со пораката дека следната година ќе бидат уште побројни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк