Нефи доби ПАРИЧНА КАЗНА за претепувањето на советникот

Нефи Усеини, советникот на ДУИ од Охрид доби казна под законскиот минимум за за претепувањето на екссоветникот Џемал Мена за време на седница на Советот.

За делото кое се гонеше предвидена е казна од три месеци до три години, а судот во Охрид, на Усеини му изрече казна под минимумот.  Судијата изрекол парична казна, со која смета дека Усеини ќе го поправи своето однесување и нема да попречува лица во извршување на службена должност, ниту ќе помисли повторно да тепа како што тоа го направи повеќепати изминатите две години, објави А1.он.

„Бил огласен за виновен, имал парична казна. Сега предметот ќе се прати во Апелација-Битола по жалба на пресудата“, велат од Основен суд-Охрид за „А1он“.