Connect with us

Македонија

Аплаузот денес оди кај децата и наставниците од 4-3 од ОУ Ѓоргија Пулевски, Аеродром, кои донирале за оброк за нивните врсници кои не можат да си дозволат

Од Проект Среќа им заблагодарија на учениците од ОУ Ѓорѓија Пулевски, од Аеродром за донацијата за учениците кои немаат топол оброк.

Аплаузот денес оди кај децата и наставниците од 4-3 од ОУ Ѓоргија Пулевски, Аеродром, кои донирале за оброк за нивните врсници кои немаат да си дозволат за оброк. Браво деца!!!

Ова се прекрасни позитивни примери на практично учење и примена на филантропија и хуманост! ❤️#тополоброкзасекоедете – напишаа од Проект Среќа.

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading

Македонија

Констатирани неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи

Вонреден инспекциски надзор спроведен од Фондот за здравствено осигурување утврди неправилности во функционирањето на 14 јавни здравствени установи низ Северна Македонија, од кои две се во Скопје. Надзорот бил извршен во службите за Итна медицинска помош и домашна посета.

Како што информира директорот на ФЗО, Сашо Клековски, инспекцијата опфатила вкупно 37 јавни здравствени установи – 29 надвор од Скопје и осум во главниот град. Во 23 институции не биле утврдени недостатоци, додека во 14 биле констатирани сериозни неправилности.

Според Клековски, седум установи работеле со интерни ценовници кои немале одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тој нагласи дека не станува збор нужно за штета по пациентите, но дека ценовниците не биле официјално усвоени.

Во две институции било утврдено погрешно фактурирање кон Фондот, додека уште две фактурирале услуги за кои немале дозвола. При теренските контроли биле откриени и посериозни пропусти – во една установа надвор од Скопје немало лекови против болки, а резервите на лекови во Итната помош биле под минималниот потребен праг. Во друга институција, пак, воопшто немало медицински екипи за обезбедување на здравствени услуги.

На сите установи кај кои се утврдени неправилности им е даден рок од два месеци за нивно отстранување, по што ќе следи повторна контрола. Клековски посочи и дека Фондот не бил навреме информиран дека службата за домашна посета во Шуто Оризари е целосно затворена поради недостаток на персонал.

Continue Reading

Македонија

Вишото јавно обвинителство има нова шефица: Наташа Крстевска Цалева ја презема должноста

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, со мандат до избор на нов шеф, но не подолг од шест месеци.

Одлуката беше донесена на 33-тата седница на Советот, одржана на 12 декември 2025 година, со почеток во 10:30 часот. Назначувањето на Крстевска Цалева беше единствена точка на дневниот ред на седницата.

„На 33-тата седница одржана на ден 12.12.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, по усвојувањето на дневниот ред, донесе одлука за определување на вршител на должност Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, така што за вршител на должност се избира Наташа Крстевска Цалева – јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, до избор на Виш јавен обвинител, за време не подолго од шест месеци“, се наведува во соопштението.

Именувањето следи по престанокот на функцијата на дотогашниот шеф на ВЈО Скопје, Мустафа Хајрулахи, кој поднесе оставка на 9 декември. Тој претходно беше суспендиран поради поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Штип за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Наташа Крстевска Цалева и претходно ја извршуваше функцијата в.д. Виш јавен обвинител, во февруари годинава, за време на суспензијата на Хајрулахи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг