Connect with us

Македонија

ИСТОРИЈА ЗА ГЛУПАВИ – Денеска велат дека Свети Климент е БУГАРИН, а тој станал христијанин пред нивниот цар

Published

on

Честити празник Свети Климент…

Денес повторно со history for dummies:

?️856 година Св. Климен како христијанин го остава световниот живот и оди во манастир; во

?️863 година Св. Климент веќе бил на христијанска мисија во Моравија; но дури во

?️865 година Бугарија го прифаќа христијанство (каде тој пристигнува 20 години подоцна, исто така на христијанска мисија)…

?️2022 год. Бугарија вели дека Климент е Бугарин, а тој христијан дури и пред нивниот цар… – пишува на својот пост на Фејсбук Илија Димовски.

Македонија

Акција на Финансиската полиција – осомничена е братучетка на Спасовски

Published

on

Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма „Пин Петрол“. Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.

Според информациите кои ги добиваме од акцијата приведена е Габриела Спасовска Крстевска, која инаку е роднина и братучетка на екс првиот човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.

Се очекува повеќе информации во текот на денот.

Извор: 24инфо

Continue Reading

Македонија

Апсење на Табановце за поткуп, ставил банкнота од пет евра во зеленот картон

Published

on

Лишен од слобода грчки државјанин поради давање поткуп.

На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Полицијата вчера напиша 895 казни, најмногу за брзо возење

Published

on

895 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 273 за брзо возење.

На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно паркирање 299, а 273 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, па прекршоците за некористење на сигурносен појас 54, за користење на мобилен телефон при возење 21, како и 11 прекшоци што ги сториле пешаци.

Во рамки на контролите, во девет случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 12 возачи управувале возило под дејство на алкохол, а евидентирани се и 17 нерегистирани возила како и седум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк