Лавров го навлече бесот на социјалните мрежи поради родово-неутралните ВЦ-а (Видео)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде се споделува видео oд неговата шокираност за родово-неутралните тоалети.

Лавров на дипломатска средба во Москва раскажа за своето искуство од состанокот на ОБСЕ минатата година во Шведска.

Рускиот министер пред почетокот на средбата прашал за тоалетот, а бил шокиран кога му била покажана врата на која пишувало „тоалет“, но без знак за машки или женски дел.

Кога Лавров прашал дали тоалетот е машки или женски, му рекле дека е заеднички.

Не можев да верувам, но така се случи. Немате поим колку е тоа нечовечки, навистина нехумано, заклучи Лавров.