Connect with us

Македонија

Гужва на отворање на првиот трговски центар во источна Македонија (ФОТО)

Published

on

Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити Мол.

Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини.


На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект и се очекува да стане најголема и најпосетувана атракција за целиот регион.

Дека потребата од трговски центар од ваков тип во Штип и во регионот е голема, покажаа уште еднаш сите граѓани кои денеска дојдоа заедно да го означиме почетокот на овој голем проект. Целата наша напорна работа во изминатиот период, посветеноста на сите вклучени страни, сите предизвици со кои се соочивме, се исплатеа за денес да имаме готов проект кој на 100 000 граѓани од целиот регион ќе им пружи незаборавно шопинг искуство, но и место за забава и дружба. Ова е само почетокот на една убава приказна која и ја посветуваме на градот Штип и заедно со сите вас ќе продолжиме да ја градиме.” – изјави Горан Јордев, сопственик на Штип Сити Мол.

Штип Сити Мол како најголем и најмодерен трговски центар во регионот претстава голема инвестиција која, со околу 250 директни вработувањa придонесува за развој на економијата во целиот источниот регион, а особено во градот Штип.

Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство. Вашите омилени брендови, продавници, ресторани сега поблиску до вас!

Македонија

Нема пари од ЕУ за Македонија, одложена исплатата од Планот за раст

Published

on

Првите исплати од Европскиот план за раст за земјите од Западен Балкан нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година, односно се одложени, според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК).

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во објаснувањето.

Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија уште во јануари 2024 предвидува шест милијарди евра во форма на грантови и заеми за земјите од овој регион.

Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на крајот на минатата година објави дека наскоро Собранието ќе го ратификува Договорот за Инструментот за реформи и раст со кој се ослободуваат вкупно 52,5 милиони евра како првата рата од над 750 милиони евра од Брисел кои ни припаѓаат.

Како што објаснуваат упатените, овие меѓународни договори мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК. 

Continue Reading

Македонија

Таравари најавува можно спојување на четирите партии од „Вреди“ по локалните избори

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари најави можно спојување на четирите партии од коалицијата „Вреди“ во една партија после локалните избори во октомври годинава.

За кандидати на „Вреди“ на локалните избори, Таравари вели дека се зборува и се прават анкети за некои имиња.

„ВО ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ, КАДЕ ШТО МНОЗИНСТВО, ОДНОСНО ИМА ШАНСИ И АЛБАНЦИТЕ ДА ПОБЕДАТ, ПОВЕЌЕ СЕ АЛБАНЦИ, РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КАНДИДАТИ. МЕЃУТОА, СЕ НАДЕВАМ, КОН КРАЈОТ НА МАРТ, ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ И СО ПРЕДЛОЗИ КОИ БИ БИЛЕ НАШИТЕ КАНДИДАТИ ВО ОДРЕДЕНИ ОПШТИНИ ЗА ИДНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ“, ВЕЛИ ТОЈ.

Таравари се осврна и на последната одлука на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците и официјално му припаѓаат на Зијадин Села.

Најави дека ќе ја обжали одлуката на Судот бидејќи, како што вели, важно е кој ги има членовите, а не печатите.

Извор: telma.mk

Continue Reading

Македонија

Полицијата со полни раце работа, огромен број апсења низ Македонија, еве што се случува

Published

on

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден извршија серија апсења во пет македонски градови.

Четири лица се приведени кај Велес откако кај нив била пронајдена дрога.

-Вчера во 17 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје, и Л.М.(56) и Д.Б.(29), двајцата од Велес. Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. При тоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Во Скопје падна и штипски дилер кај кого била пронајдена поголема количина дрога.

-Вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Дилер падна и во Струмица. Полицијата упаднала во неговиот дом со судска наредба.

-Вчера во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Дрога била пронајдена кај повеќе лица во текот на вчерашниот ден.

-Во 01:00 во Центар во Скопје приведен е 45-годишниот Н.П. Поради поседување марихуана.

-Во 01:50 во Центар во Скопје приведен е 41-годишниот Н.Б. Поради поседување марихуана и бела грутчеста материја.

-Во 23:30 во Кисела Вода во Скопје приведен е 41-годишниот В.С. Од Скопје поради поседување на прашкаста материја и марихуана.

-Во 15:50 приведени во Прилеп се 29-годишниот Д.Р. И 32-годишниот М.С. Од Прилеп поради поседување марихуана.

-Во 10:35 во Битола, 25-годишниот В.Б. Од Битола бил фатен од полициски службеници, а бил баран поради издржување на казна затвор од три месеци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк