Се тресе цело Мароко (Видео)

Мароко е првиот полуфиналист од Африка кој некогаш стигнал до оваа фаза на еден фудбалски Мундијал. Мароканците предмалку уште еднаш се надминаа себеси и во 1/4 финалето ја совладаа Португалија со 1:0.

Реално, сите неутрални навивачи во целиот свет посакуваа ваков расплет на настаните и успех на аутсајдерот во овој двобој, а како ли е да си мароканец во моментов покажуваат првичните снимки од славјето низ градовите во оваа земја. Поточно, оваа снимка доаѓа од Маракеш каде што илјадници навивачи на големито плоштад во еуфорија слават голема победа на нивната репрезентација.

Morocco fans in Marrakech celebrating their victory against Portugal