Синот работник го пријавил татко му работодавач за поврат на К-15

Синот – работник го пријавил таткото – работодавач. Парите од К-15 му ги барал назад. Се работи за сопственик на штипска фабрика откри претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

-Минатата недела, синот го вратил регресот на неговиот татко и синот се охрабрува и пишува на нашата мејл адреса сснм.орг и вика јас бев тој, спремен сум да одам во полициска станица, ќе го повикаме. Да не ја кажувам фирмата. Таму ќе мора да интервенира Основното јавно обвинителство (ОЈО) бидејќи детето во овој мејл што го пишува е сериозно и тоа претставува документ кој детето ќе го потврди и со тешко срце вика, „јас бев тој што ги вратив парите“, вели Димовски.

К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.