Connect with us

Македонија

Со Бог во срцата и љубов во душите за сите луѓе – Ресторан и Пекара од БИТОЛА ќе делат БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ за празниците !

Published

on

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Честит Светски ден на ромскиот јазик – Поддршка и почит кон ромската заедница во Македонија

Published

on

Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик – ден посветен на зачувувањето и промоцијата на јазикот, културата и образованието на ромската заедница. Ромската заедница, со својата богата историја и традиции, претставува значаен дел од културното богатство на Македонија и придонесува кон нејзината разновидност и инклузивност.

ЗЕЛС се посветува на поддржување иницијативи и програми кои промовираат инклузија и овозможуваат еднаков пристап на ромската заедница во образованието, културата и општествениот живот. Во соработка со локалните самоуправи и институции, ЗЕЛС ќе продолжи да ги креира можностите за рамноправен развој на ромската заедница во Македонија.

Одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик не само што истакнува значајноста на јазикот и културното наследство на Ромите, туку претставува и порака на поддршка, почит и заедништво.

Continue Reading

Македонија

Загина едно лице во кавадаречко, три се повредени – Уште една страотна несреќа на македонските патишта

Published

on

Едно лице загина на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман. Оваа информација ја потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци.

– Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, велат од Брза помош Кавадарци.

Од СВР Велес потврдија за МИА дека на лице место се врши увид, по случена сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Continue Reading

Македонија

Трајановски: За максимум четири години треба да бидат завршени автопатите што ги градат „Бехтел и Енка“

Published

on

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски во вчерашното издание на „360 степени“ на МРТ 1 кажа дека во наредните максумум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д.

„Би можел да ви кажам сега во комуникација со „Бехтел и Енка“ и откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата со Тетово – Гостивар, а Гостивар – Букојчани можеби една година плус. Така што, тоа ќе бидат роковите“,изјави Трајановски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк