Connect with us

Македонија

И БАРААТ ЛЕКАРСКО НА АРСОВСКА – Да достави доказ дека е психички здрава

Published

on

„Приморани сме да побараме се што искажа Арсовска во интервјуто да го докаже во редовна постапка пред македонските судови, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на наводите и обвинувањата кои ги изнесе скопската градоначалничка во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“.

Еве ја во целост реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Со оглед на огромното количество лаги што ги изнесе Данела Арсовска, во срамното интервју на Канал 5 телевизија, би сакале да истакнаме следново:

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени.

Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Паднаа повеќе дилери: Серија на апсења во Скопје и Струмица

Published

on

Полициските служби продолжуваат со засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во текот на 2 јануари, во рамки на неколку полициски акции, беа извршени апсења на лица кај кои беше пронајдена марихуана.

  • Во 16:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го лиши од слобода О.Р. (41) од Скопје. Кај него беше пронајдена марихуана, која беше одземена.
  • Во 14:10 часот, во Карпош, беше уапсен С.Ш. (28) од село Крушопек, скопско, со пронајдена марихуана.
  • Во 21:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, беше приведен С.С. (22) од Кочани, кај кого исто така беше најдена марихуана.
  • Во 15:00 часот, во општина Аеродром, полицијата го уапси И.С. (39) од Скопје, кај кого беше пронајдена дрога.
  • Во 23:45 часот, на подрачјето на Чаир, беше уапсен А.Љ. (25) од Скопје, со пронајдена марихуана.

Сите приведени лица ќе се соочат со соодветни поднесоци по целосното документирање на случаите.

Во друга акција, во Струмица, во 13:00 часот, полициските службеници од СВР Струмица извршија претрес во домот на З.Р. (52) од Струмица, со судска наредба. Притоа, беше пронајдена марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пензионери, фатени со 200 куршуми во „Голф“

Published

on

Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци вчера добиле кривични пријави откако претходно биле фатени со 195 куршуми со калибар од 9 милиметри во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Нападнати малолетници од нивни врсници

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници.

Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Втората пријава е забележана во 23:15 часот каде било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички.

МВР соопштува дека и во двата случаи се преземаат мерки за расчистување на овие настани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк