Свадба во Прилеп вредна над 100.000 евра и илјадници гости – Нешто што се нема повторено (Видео)

Најпознатиот некогашен прилепски семкар, Аднан Сефоски-Сефо на градскиот стадион во Прилеп ја направи најголемата и најнеобичната свадба што прилепчани ја помнат.

Беше тоа во 2008 година, а на свадбата присуствуваа илјадници гости и сватови од Македонија, Белгија, Германија, Холандија и Австрија, кои дојдоа да им пожелаат среќен брак на тогаш 23-годишниот Амир и 18-годишната Семие.

Свадбата чинеше преку 100.000 евра, а зетот и невестата пристигнаа во најнов модел на “ферари”. Имаше и голем огномет, а за сватовите и за прилепчани беше организирана незаборавна веселба со музичка група, танчари и гости од Бугарија, додека на менито беа 45 печени јагниња, 150 килограми пилешки стек, над 300 килограми плескавици, еден и пол тон пиво, по два и пол тони сокови и овошје и преку 200 килограми студена закуска.

Sevcet Prilep 2008

Markukule.mk