Connect with us

Македонија

Дојави за бомби во ФФМ, „Борис Трајковски“ и – скопската Арена!

Published

on

Мејловите со дојави за поставени бомби, кои веќе подолг период пристигнуваат на адресите најчесто на образовните институции, а во последно време и на шопинг-центри и места за транспорт, не ги заобиколија ниту спортските институции.

Утринава таква закана пристигнала во електронското сандаче на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), салата „Борис Трајковски“, како и на националната арена „Тодор Проески“ и фудбалските тимови Вардар и Работнички.

Ова значи привремен прекин на тренажните активности во двата спортски објекти, како и на работата на административците во Куќата на фудбалот. Полицијата е информирана за дојавите, објектите веднаш се евакуирани, а се очекува наскоро да бидат проверени од посебни екипи кои ќе ја претресат секоја педа за да проверат дали и овие дојави се лажни како и сите досега.

Македонија

Мицкоски, Тошковски и Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово

Published

on

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска ќе биде одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски.

Continue Reading

Македонија

Започна повторното судење за случајот во кој загина пешакот Слободан Ангеловски

Published

on

Во Основниот кривичен суд Скопје  вчера започна повторното судење за случајот во кој загина пешакот Слободан Ангеловски кој беше прегазен на пешачки премин на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Причина за новиот почеток на овој случај е тоа што Апелацискиот суд Скопје побара супервешетачење откако претходно одлучи дека другите две вештачења, онаа на оштетеното семејство и на обвинетата биле различни.

На вчерашното рочиште било договорено дека повторно ќе се испитуваат вештите лица и дека очекува судот во најкус можен рок да го заврши судењето.

„За нас првостепената пресуда што претходно беше изречена беше сосема коректна затоа што беше заснована на чиста како солза фактичка состојба во која судот утврди дека сега починатиот Слободан се движел на пешачки премин, а обвинетата возела над дозволената брзина и не застанала на пешачкиот премин. За мене никаков друг исход не е возможен“, изјави адвокатот.

Синот на загинатиот слободан, Столе Ангеловски по рочиштето изјави дека е запрепастен од тоа дека обвинетата повторно се изјаснила дека не е виновна за предизвиканата сообраќајна несреќа во која загина неговиот татко и покрај тоа што направила четири прекршоци и тоа, брзо возење, непропуштање на пешачки, возење со забрана и изјава на сведок кој кажува дека таа додека возела гледала во мобилниот телефон наместо да гледа напред.

„Се надевам дека судот овој пат ќе биде многу побрз за разлика од претходно кога процесот траеше три години и се надевам на правична одлука. Давам поддршка на семејството на Фросина Кулакова и на сите кои ги знашла ваква трагедија. Секое доаѓање на суд за мене е непријатно. Ми се враќа сликата од тој кобен и несреќен ден. Мене секое доаѓање на суд ми е измачување. Затоа се надевам дека судот овој пат многу побрзо, поефективно и правично ќе ја осуди обвинетата“, изјави Ангеловски по одржаното судско рочиште, пренесе МКД.МК.

Слободан Ангеловски беше прегазен во јануари 2022 година отако во него удри автомобил возејќи со голема брзина.

Continue Reading

Македонија

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово

Published

on

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово 15 l/m2, а најмалку 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани.

Според УХМР, 14 l/m2 наврнале во Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, и 2 во Битола, Штип и Виница.

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк