Бојана, Маријана, Ведрана – сите три во еден видео спот (ВИДЕО)

Нова весела песна која е во изведба на Бојана Скендеровски е комбинација од поп и фолк се вика ,,Ми треба”.

Автор на музиката и текстот е еден од водечките српски композитори Саша Милошевиќ – Маре. Препевот од српската верзија го направил Огнен Неделковски.

Видео спотот за песната го режира Александар Ристовски – Принц, а сценариото е на Васко Скендеровски.

Покрај Бојана во видеото се појавуваат многу јавни личности и нејзини драги пријатели.

Главните улоги во спотот ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, кои глумат заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива, Вики…

Bojana - Mi treba (2022)