Connect with us

Македонија

ГРУЕВСКИ му одговори на ЗАЕВ: Земаш МИТО, менуваш ИМЕ, Устав, продаваш ИСТОРИЈА,па кога ќе ти загусти ТИ СЕ ПОЈАВУВААТ БЕЛИ КОЊИ

Published

on

Белиот коњ како метафора на ноќна мора, објави поранешниот премиер Никола Груевски како одговор на денешната реакција на неговиот наследник во Владата и некогашен политички ривал Зоран Заев за одлуката на Апелациониот суд за укинување на пресудата за случајот Таргет-Трврдина.

-Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината, напиша Груевски.

Поранешниот премиер цитираше зборови од австрискиот невролог и основач на психоаналитичката школа за психологија, Зигмунд Фројд – „Првиот знак на човечката глупавост е целосно отсуство на срам“.

-Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.

За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.

И по некое време од кога ќе отслужиш и ќе ти кажат „доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…, му порача Груевски на Заев.

Заев денеска ја коментираше одлуката на Апелациониот суд за укинувањето на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“.

-Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден, побара Заев.

Македонија

ДУИ во шок: Гаши на парламентарци од Албанија им се обратил на македонски – со преведувач

Published

on

Демократската унија за интеграција преку коминике реагира дека Делегацијата на Парламентот на Албанија при посетата на Скопје била шокирана бидејќи спикерот Африм Гаши во разговорот со нив зборувал на македонски јазик, со преведувач на албански јазик.

За интегративцит тоа не било според протокол туку дека, според нив, отворено се негира националниот идентитет.

„Го прашуваме претседателот на ВРЕДИ, Африм Гаши: дали беше намерен чин да се негира важноста на албанскиот јазик или погрешното верување дека албанскиот е само јазик на превод, причината зошто ја шокиравте делегацијата на Парламентот на Албанија за време на нивната посета на Скопје?

Зошто кога ви се обратија на вашиот мајчин јазик, решивте да одговорите и да го водите целиот разговор на македонски јазик, со преведувач на албански јазик пред граѓаните Албанци кои очекуваат да го заштити и промовира нивниот идентитет“?, велат од ДУИ.

Спикерот Гаши изјави дека „македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во Северна Македонија, а албанскиот е преведен“.
Оо оваа изјава ДУИ побара оставка од Гаши, пишува Телеграфи

Continue Reading

Македонија

Се закануваше со војна а се уште зема 1500 евра државни пари од Телеком (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Published

on

Профилот ,,Раскажувачот” на Твитер прашува зошто членката на ДУИ која се закануваше со војна и изјавуваше дека ќе ги вади чизмите на УЧК од таван се уште добива 90 илјади денари месечно за членство во Управниот одбор на Телеком каде владата на Македонија има ,,златна акција” и именува неизвршни членови во извршното тело на компанијата.

Покрај за Шкодране Дарлишта на Раскажувачот не му е јасно и зошто на платниот список на Телеком се уште е Нина Ангеловска екс министерка за финансии во владата ана Заев која стана позната откако мистериозно ги извади парите од Еуростандард банка пред таа да пропадне 

,,Зошто овие две сеуште се на платен список на Телеком каде земаат преку 1500 евра месечно..
Да ве потсетам дека едната од овие се закануваше дека ќе вади кондури од таван и калашников…”, прашува Раскажувачот.

Извот: expres.mk

Continue Reading

Македонија

Тони Коњановски: Битола – срцето на празничната магија

Published

on

Вечерва, на лизгалиштето кај Магнолија, го поздравивме 2000-тиот лизгач за само еден ден! Лизгалиштето, дел од „Зимска приказна“, стана центар на празничната магија што ја обединува Битола во овој зимски период.

Со поглед кон градскиот часовник, историските знаменитости и уникатната атмосфера на Широк Сокак, секој момент тука се претвора во вистинска бајка. Вечерта беше совршена, ветувајќи дека празничниот дух ќе продолжи да ги инспирира жителите и посетителите на градот.

Градоначалникот Тони Коњановски ги повика сите да се приклучат на магијата: да облечат лизгалки, да остават грижите настрана и да станат дел од најубавата зимска сцена во Македонија.

Битола продолжува да блеска како град на традицијата, историјата и радоста, каде празничниот дух никогаш не запира.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк