Меси спие со ТРОФЕЈОТ (Фото)

Меси не се разделува од познатиот трофеј на светски шампион, па дури и го снимиле како спие со него. Сликите завршија на неговиот Инстаграм.

Заедно со објавата која за дваесетина минути собра речиси пет милиони лајкови, Меси напиша „добро утро“, а во коментарите одговорија и бројни следбеници, пријатели, соиграчи, па дури и неговата сопруга. „Добро утро љубов моја“, му напишала сопругата Антонела Рокузо.

„Прекрасно утро, нели“, го праша Пауло Дибала.