Во училиште едвај имале за сендвичи, сега заедно со децата слават светска титула!

Тоа е љубов, тоа е романса која трае ли трае и тоа од училишните денови па се до најважниот момент во животот на еден фудбалер.

На голем број фудбалски ѕвезди жените им се познати манекенки или познати фаци од шоу – бизнисот, но сопругата на Папу Гомез, репрезентативецот на Аргентина кој е дел од селекцијата која стана светски првак, со него е од училишните денови.

Заедно биле и тогаш кога собирале пари за сендвичи, кога повеќе гладувале отколку што биле сити, заедно се и сега кога имаат семејство и деца и кога имаат милиони на сметка.

Алехандро Папу Гомез и Линди Раф својата романса ја почнале во средно училиште, потоа тој станува познат фудбалер и репрезентативец на Аргентина, а таа познат моден дизајнер. Додека Папу се пробивал до фудбалското небо, таа ги завршила сите можни факултети за да биде нај, нај во светот на модата.

На Папу сонот му бил во тие училишни денови некогаш да биде познат фудбалер, додека на Линди да биде некогаш познат моден дизајнер. Заедно дочекале да ги остварат своите соништа.

Па така сега заедно и со своите деца ја слават титулата светски првак во фудбал, која Папу ја освои пред два дена со репрезентацијата на Аргентина.