Мајк и Кико од Прилеп им одржаа лекција на сите возрасни: Имаат по 9 години, а покажаа дека ниту еден медал не е поважен од другарството (Фото)

Дечките се Мајк Станкоски – голгетер на Победа генерација 2013 и Кико Тофилоски – голман од истата генерација во фудбалската школа “Перак”.

Нивните екипи денеска се сретнаа во натпреварот за трето место на турнирот за мал фудбал “Св. Никола 2022”. Малото финале за генерацијата 2013 заврши тесно, со резултат 1-1, а потоа на пенали победија фудбалерите на “Перак”.

Но, за овие дечки медалот беше помалку важен, туку има нешто што вреди повеќе од било каков медал, а тоа е другарството.

Мајк и Кико после натпреварот во духот на тоа другарство си ги разменија дресовите, се прегрнаа, се фотографираа и си честитаа за одличната игра.

Секоја чест! Многу повозрасни треба да учат од нив!