Connect with us

Македонија

КАМ Маркет ги замрзнува цените на 100 ПРОИЗВОДИ

Published

on

На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.

„КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата. Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година, соопштија од компанијата.

На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.

– Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени – велат од „КАМ“.

Целта на оваа мерка е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници. Мерката оди во прилог и на генералниот стремеж на „КАМ“ да обезбедува висок квалитет по ниски цени за своите купувачи.

Македонија

МЖСПП: Нема да увезуваме комунален, туку неопасен отпад од кој што ќе профитираме

Published

on

Доколку Македонија ги исполни еколошките стандарди, тогаш земјава ќе увезува отпад од Европската Унија, но не комунален туку неопасен отпад, кој што подоцна ќе се преработува и извезува, а со тоа државата и ќе профитира, објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање за ТВ 24.

Мазневска дополнува дека Македонија веќе има искуство со ваков неопасен отпад и ваквите метали се преработуваат во индустриските капацитети, кои што поседуваат соодветни еколошки дозволи. 

До октомври следната година ќе се знае дали Македонија ќе биде една од земјите која ги исполнува условите за преработка на отпадот без да се загрози животната средина, информираат од министерството. 

Инаку, станува збор за увоз на 18 видови неопасен отпад, кој што деновиве предизвика бурни реакции од страна на еколошките здруженија и од опозициската СДСМ, која што пак вчера побара селекција на домашниот отпад, наместо да се увезува туѓ.

Извор: ТВ 24

Continue Reading

Македонија

Некој го откопал гробот на Зоки Фаци, најверојатно барал злато (ФОТО)

Published

on

Најпознатиот македонски јутубер Стефан Лазаров денес ја потресе Македонија со својата објава на социјалната мрежа Инстаграм. Според фотографиите кои ги објави Лазаров, некој го откопал гробот на Зоран Василевски (Зоки Фаци).

“Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…”, гласеше објавата на Лазаров на социјалната мрежа Инстаграм.

Погледнете ја објавата на Лазаров:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Continue Reading

Македонија

СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата и испумпаа милиони од буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Published

on

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС имаа 7 години власт да ги покачат платите, наместо тоа ја качија инфлацијата на двоцифрена и испумпаа милиони од буџетот.

„СДС ја отвори спиралата на зголемени цени и го плафонираше јавниот долг. Со години СДС не спроведе ниту една политика која ќе донесе раст и развој на економијата, напротив како држава на економски план бевме во слободен пад. Предлогот што сега го предлагаат можеа да го спроведат, но наместо тоа се фокусираа на испумпување на милиони од буџетот. Доколку сега се реализира нивниот предлог тоа ќе значи крах на Фондот, затоа што украдоа се што можеше“.

ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат од владејачката партија ја менува сликата за Македонија, платите реално почнаа да растат, се покачија пензиите, економијата се развива.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк