ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ПИРОТ! Паника на автопат: Камион се враќал рикверц, облак од амонијак „ГОЛТА“ се пред себе

Отровен облак од амонијак синоќа со голема брзина се ширел на автопатот кај Пирот, кога воз што го превезувал овој отровен гас излетал од шините. Луѓето и возачите кои се нашле таму панично избегале.

Во возот имало 20 цистерни со амонијак, а најмалку една од нив паднала во коритото на реката Нишава при лизгањето, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во контакт со водата. Граѓаните се предупредуваат да не излегуваат надвор доколку не мораат.

На социјалните мрежи се појави видео кое ја покажува брзината со која се шири амонијакот. Камиони кои случајно се нашле во близина се движеле рикверц, а луѓето панично бегале.

Димната завеса на автопатот настанала кога дошло до испарување на амонијакот, а поради неговата висока токсичност, амонијакот лесно може да предизвика труење што може да резултира со смрт кај луѓето.