(Видео) Објавена снимка од претресот на „Табановце“: Полицајците ги соблекуваа и чорапите, најдени околу 20 000 евра

Детали за акцијата објавија и од МВР и од ОЈО ГОКК, од чии соопштенија се открива дека биле пронајдени пари во кутија од цигари скриена под биро, како и во метален сад сместен во висечки орман во просториите на ГП „Табановце“. полицајците при претресите биле проверувани и дали кријат пари во чорапите и чевлите.


Осомничените земале поткуп за да пропуштаат лица без зелен картон, возачи без полномошно за возилото, без патни исправи или други задолжителни документи.


Четворица од 12-те пријавени ќе бидат под истрага на ОЈО ГОКК за злосторничко здружување и примање поткуп, додека другите ќе се гонат по скратена постапка за злоупотреба на службената положба. Првоосомничен во истрагата е командирот што ги местел корумпираните полицајци да контролираат во кабините каде што има поголема фреквенција, а месечно тие му давале по 150 евра од „заработката“.

Вкупно 12 лица добија кривични пријави од МВР како осомничени дека се дел од групата службеници вработени на „Табановце“ кои земале поткуп од лица кои ја минувале државната граница, соопшти МВР за акцијата што почна да се спроведува во неделата вечерта.

Тие се осомничени за делата злосторничко здружување, примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување. Деветмина од нив се приведени.

Според сознанијата на МВР, групата организирано оперирала повеќе од две години, поточно од септември 2020 година. Сите се вработени во Полициската станица за гранични проверки „Табановце“, еден од нив е командир, друг е заменик-командир, еден раководител на смена, а другите се полициски службеници и секој од нив имал точно определена улога. Сите се од Куманово, освен еден што е од Кратово, а се на возраст од 23 до 47 години.

картон, возачи без полномошно итн.

„Тројцата како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10, 20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ“,

велат од ОЈО ГОКК додавајќи дека од примениот поткуп тие секој месец на командирот му давале по 150 евра.
Против командирот и овие тројца вработени, Обвинителството најави дека е отворена истрага за злосторничко здружување и примање поткуп, додека другите пријавени лица ќе ги гони по скратена постапка за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од вкупно 12 пријавени од МВР, од ОЈО ГОКК побарале судот да одреди мерки за вкупно 11 лица од кои: четворица притвор, за двајца пократок притвор од осум дена, а за петмина мерки за обезбедување присуство.

Од Основниот кривичен суд Скопје, пак, се огласија дека од четворицата за кои се барал притвор – за тројца е прифатен предлогот, додека за еден осомничен е определен куќен притвор.

За другите двајца што се гонат по скратена постапка прифатено е барањето за осумдневен притвор, додека мерки за претпазливост се определени за тројца.

Кривична пријава против 12 лица за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“и „злоупотреба на...