Connect with us

Балкан

(Видео) Тензија во Косово: Се шират видеа од колони возила кои се движат кон касарна во Митровица!

Published

on

Колона на КСВ возила се движи кон “Минатори”, касарна во Митровица, велат неофицијални извори на српските медиуми кои споделија и видео од колоната возила.

Тензиите на севетот на Косово не стивнуваат, Србите остануваат на барикадите кои ги поставија пред 18 дена. Косовскиот премиер Албин Курти ги повика КФОР и ЕУЛЕКС да ги отстранат барикадите, бидејќи доколку тие не успеат косовската полиција ќе ги отстрани.

Од друга страна од Србија постојано доаѓаат изјави дека доколку Србите во Косово бидат загрозени, српската војска ќе реагира за заштита на населението.

https://twitter.com/FkczBelgrade/status/1607828872418021376?t=-Unn5V8XHQoPZpygHB6gmw&s=19

Видео:

https://fb.watch/hH2NUxnWM1/

Балкан

Турција нуди над една година бесплатна рехабилитација за 15 пациенти повредените од Кочани

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно.

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

– Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата. 

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство. 

Continue Reading

Балкан

Вакво нешто може да се види само на Балканот: Кога ќе видите што превезуваат во автобус, ќе се насмеете до солзи (ФОТО)

Published

on

Фотографија од Босна насмеа илјадници на социјалните мрежи – и тоа со добра причина!

На Фејсбук страницата „Scenic Depictions of Slavic Life“ беше објавена слика снимена во автобус во Босна, на која се гледа како момче на многу креативен начин пренесува нешто невообичаено и гломазно.

Иако несекојдневна, оваа сцена ги воодушеви корисниците ширум регионот поради снаодливоста на младиот патник. Коментарите се редеа еден по еден, со пофалби за неговиот „балкански“ дух и практично размислување.

Кога има волја – има и начин!

Continue Reading

Балкан

Американците одобрија, една земја од Балканот го купува едно од најмоќните американски оружја

Published

on

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, заедно со придружна опрема, на Романија во вкупна вредност од 280 милиони долари. Информацијата ја објави Пентагон преку официјално соопштение.

Како што се наведува, оваа зделка е дел од напорите на САД да ги зајакнат одбранбените капацитети на своите сојузници во Европа, особено во услови на зголемени тензии и безбедносни предизвици на источното крило на НАТО.

Министерството за одбрана на САД појасни дека главни изведувачи на договорот ќе бидат компаниите „РТХ корпорејшн“ (поранешна „Рејтеон Текнолоџис“) и „Локхид Мартин“, водечки имиња во американската воена индустрија.

Очекувањата се дека новите системи ќе придонесат за значително подобрување на одбранбените капацитети на Романија, како и за зголемување на интероперабилноста во рамки на НАТО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк