Connect with us

Скопје

Дочекот на Новата година на скопскиот плоштад ќе биде со македонски музичари – Нема да има мјаукање и деколтеа со мини сукњи

Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Зуица Лазова, Ристо Самарџиев, Елена Ристеска, Ленче и Горан Кукиќ, Мераклиите од Мерак Меана се дел од музичарите кои ќе ги забавуваат присутните на плоштадот во Скопје, за време на дочекот на Новата 2023 година.

Само со македонски музички гости ќе се реализира забавната програма, која се чуваше во тајност до пред неколку дена. Како што раскажуваат музичарите, од Град Скопје дури пред два дена им дозволиле да објават на своите социјални профили дека ќе пеат за дочекот, за да биде изненадувањето поголемо.

Популарниот фолк пејач Наум Петрески за ,,Фокус” вели дека за новогодишната ноќ во Скопје нема да има мјаукање и деколтеа со мини сукњи, туку квалитетни изведувачи.

Регионалните музичари имаат значително поголем маркетинг од домашните, вели Петрески но сепак ветува добра забава на плоштад. Потенцира дека иако хонорарите кои ќе ги добијат нашите пејачи не се огромни, публиката ќе има можност да следи квалитетна програма.

-Секој си има право на свое мислење во демократска земја. Така било отсекогаш, и неретко кај нас за Нова година и други прослави доминираат пејачите од увоз. Можеби и тоа е нормално, со оглед на нивните маркетиншки покриености низ целиот Балкан. За разлика од нив, кои ги има на секоја нивна телевизија, нашите телевизии немаат идеји што да прават со себе, па удираат со македонски приказни и турски серии, со емисии кои никој реално не би ги гледал. За дочекот на Новата година можам да кажам дека ќе биде во духот на македонското, така да, можеби ќе се зголеми чувството за државност и за своите традиции. И она кое е исто така многу важно, нема одлив на огромни пари во странство, туку поскромни средства кои остануваат тука. Публиката ќе види многу повеќе од мини сукњи, деколтеа и мјаукања на бина (чест на поквалитетните изведувачи) – вели Петрески за Фокус.

Скопје

Ескалација околу „Safe City“ – граѓани со претставка до Уставниот суд и обвиненија кон МВР

safe city

Министерството за внатрешни работи (МВР) се најде во центарот на правна и политичка бура, откако група граѓани поднесе тешка артилерија од претставка до Уставниот суд и кривична пријава до Обвинителството! На мета е контроверзниот систем за санкционирање сообраќајни прекршоци – т.н. „Safe City“, а обвинувањата се дека е незаконски, технички небезбеден и сериозно неуставен.

Покрај обемната претставка за оценка на уставноста и законитоста, граѓаните поднесоа и кривична пријава до Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Целта е јасна: Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и засега непознати службени лица да одговараат за наводна злоупотреба на службена положба, несовесно работење и неовластено собирање лични податоци.

Поднесените документи го тресат системот, со тврдењето дека новиот модел – доставување прекршочни налози преку СМС со линк до PDF документ – е директна повреда на основните човекови права, приватноста и клучниот принцип на еднаквост пред законот.

Во срцето на претставката до Уставниот суд е техничката неконзистентност и правната слабост на СМС-доставата.

„Законодавството не бара граѓанинот да поседува мобилен интернет или паметен уред!“ – се истакнува во документот.

Подносителите алармираат дека оваа пракса ефективно оневозможува дел од граѓаните (кои немаат паметен телефон, интернет или потребна апликација) да ја добијат казната, да ја видат содржината или, што е најважно, да поднесат жалба. Ова е директен удар врз правото на правична постапка и правна сигурност.

Дополнително, се изнесуваат аргументи за катастрофалната небезбедност на СМС-пораките како средство за службена достава. Се тврди дека СМС не може да обезбеди доказ за автентичност, идентитет на испраќач или точен момент на прием, што е спротивно на европските стандарди (регулативата eIDAS). Граѓаните предупредуваат на отворениот пат за „spoofing“, фишинг и сајбер напади, кои би можеле да ги изложат граѓаните на ризик од кражба на лични податоци.

Уште едно сериозно обвинување е поврзано со задолжителното собирање телефонски броеви при регистрација на возила и нивното поврзување со базите на податоци на МВР.

Граѓаните тврдат дека ова е во директна спротивност со Законот за заштита на лични податоци и европскиот GDPR, со што се создава база на податоци без соодветна законска основа.

Како врв на неправдата, се посочува и селективната примена на фиксните камери кои се поставени само во одредени градови, што создава нееднаква правна положба меѓу граѓаните во различни региони на земјата.

Граѓанската група бара Уставниот суд итно да поведе постапка, да ги укине сите акти и практики што овозможуваат СМС-достава и да наложи итно запирање на примената на „Safe City“ додека не се усогласи со Уставот и европските стандарди. Од Обвинителството се бара кривична постапка и обезбедување на сите релевантни документи од МВР.

МВР засега молчи. Сите очи се вперени кон институциите – дали Уставниот суд и Јавното обвинителство ќе го прифатат овој предизвик и ќе ја преиспитаат законитоста и уставноста на македонскиот „Safe City“ систем? Одлуката се очекува во наредните денови.

Continue Reading

Скопје

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, најави засилена контрола на паркирањето во главниот град. Во гостување во емисијата „Претрес“, тој појасни дека полициски возила опремени со камери, поврзани директно со системот „Безбеден град“, ќе патролираат по Скопје.

Секое застанување на булеварите каде што не е дозволено „паркирање на пет минути“ ќе биде санкционирано. „За несоодветно паркираните возила на паркиралиштата и булеварите… сите кои ќе помислат дека може да ја остават колата и да завршат некоја работа, создавајќи гужва на сообраќајницата, сега ќе бидат казнети. Колите ќе вртат по цел ден, на различни локации. Пораката до оние што планираат да бидат сообраќајни прекршители е дека тоа нема да биде исплатливо“, рече Топаловски.

СВР Скопје со оваа мерка најавува поголема дисциплина на булеварите и намалување на сообраќајниот метеж во градот.

Continue Reading

Скопје

По „Димо Хаџи Димов“, ешерихија коли и по втор пат пронајдена во училишни намази

dimo hadzi dimov

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични казни против операторот со храна кој стопанисува со кујните во основните училишта во Општина Карпош, откако лабораториските анализи потврдија небезбедна храна во две училишта.

По неодамнешната вонредна инспекција, АХВ официјално ги доби резултатите од тестирањата на мострите храна и брисевите земени од кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“.

Лабораториските наоди потврдија дека послужената мусака не ги задоволува микробиолошките критериуми, при што е утврдено присуство на бактеријата Enterobacteriaceae.

Поради овој пропуст, операторот со храна е казнет со 600 евра, а одговорното лице со 300 евра во денарска противвредност.

По првичната инспекција и наредбата за генерално чистење и дезинфекција, кујната во „Димо Хаџи Димов“ останува затворена сѐ додека не се добијат нови лабораториски наоди од повторно земените брисеви, со кои треба да се потврди нејзината безбедност. Дополнително, сите вработени се упатени на вонредни здравствени санитарни прегледи.

Во рамки на превентивните вонредни контроли, АХВ изврши инспекција и во кујните на уште девет основни училишта во Карпош, со кои стопанисува истиот оператор.

При овие контроли, кај една мостра храна (намаз) е утврдено присуство на бактерија ешерихија коли, за што веднаш е наредено намазот да се исфрли од употреба. Иако два од тестираните брисеви беа позитивни, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.

За недоследностите утврдени при превентивните контроли во деветте училишта, операторот е казнет со уште две парични казни од по 900 евра (600 евра за операторот и 300 евра за одговорното лице).

Вкупна казна од 650 евра е изречена и за дополнителни пропусти, вклучувајќи:

  • Непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно вработено лице.

  • Немање соодветни технички услови за работа (недостаток на топла вода) во две училишни кујни.

АХВ продолжува со засилени контроли за да обезбеди сигурност и здравствена безбедност на оброците на учениците.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг