Connect with us

Македонија

Крешник Бектеши сопругата ја вработил во Агенцијата за остварување права на заедниците?

Министерот за економија, Крешник Бектеши својата сопруга ја вработил во Агенцијата за остварување права на заедниците.

Според документите кои ги објави порталот експрес.мк Улка Каба Бектеши е вработена на позицијата виш соработник за изработка на проекти во секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации во Агенцијата која е под директни ингеренции на владата.

Согласност за нејзино вработување дал министерот за финансии Фатмир Бесими, додека неговиот колега во Владата министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити кој доаѓа од редовите на Алтернатива, вели дека првпат слуша за вработувањето на сопругата на Бектеши и додава дека министерството и Владата секогаш зборуваат за мерит системот за вработување.

Пред две години бурни реакции во јавноста предизвика вработувањето на сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, Влора Бектеши во АД МЕПСО како референт во Секторот за правни и општи работи и тогаш тој тврдеше дека не ургирал за нејзиното вработување, туку таа сама се вработила.

Поради судир на интереси прекршочна пријава му поднесе Антикорупциска комисија, по што министерот плати казна од 500 евра.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг