Connect with us

Македонија

Славчо Попоски најавува МЕТЕОРОЛОШКИ ФЕНОМЕН во Македонија – „Што е температурна инверзија?

– Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко.

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кој се наоѓаат Долж Повардарието ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ЗАГАДЕН.

Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени.

НАПОМЕНА: Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде ПОНИСКА, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН. Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и заклучува:

– Во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот „температурна инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг