Connect with us

Македонија

Се продава како грчки производ: Грците ни го зедоа и ајварот

Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“.

На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра.

Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното.

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг